Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Полицијата пронајде проштално писмо во домот на напаѓачот од Грац

by Уредник
11.06.2025
in Uncategorized
Полицијата пронајде проштално писмо во домот на напаѓачот од Грац

Австрија ја потресе еден од најтрагичните настани во поновата историја – вчера во гимназија во Грац беа убиени десет лица, а уште неколку се повредени во вооружен напад кој заврши со самоубиство на напаѓачот.

Според официјалните информации на полицијата, сторителот е 21-годишен маж од околината на Грац и поранешен ученик на училиштето во кое го извршил масакрот, но никогаш не го завршил образованието таму. Нападот е оценет како најсмртоносен во Австрија од Втората светска војна наваму.

Во неговиот дом, истражителите пронашле проштално писмо адресирано до неговите родители, како и нефункционална цевна бомба. Сепак, писмото не понудило јасни одговори за мотивите зад нападот.

Како што соопшти директорот за јавна безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, Франц Руф, истрагата сè уште трае и не е утврдено дали напаѓачот ги избирал жртвите намерно или случајно. Повредени лица се пронајдени на неколку локации низ училиштето, како и едно лице пред зградата.

Напаѓачот користел две легално поседувани оружја – пушка и пиштол.

Во знак на почит кон жртвите, низ Австрија денеска се одржува едноминутно молчење.

Next Post
Здравко Чолиќ со потресна објава која го растажи Балканот

Здравко Чолиќ со потресна објава која го растажи Балканот

Кисела Вода ќе ги награди најдобрите ученици и спортисти од основните училишта

Препорачани Вести

Мистерија стара 39 години: Дали смртта на архиепископот Ангелариј беше случајна сообраќајка или внимателно испланирана ликвидација?

7 months ago

Фенербахче најупорен за Димитриевски – Мурињо го сака македонскиот голман

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.