Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Д-р Пановски“ и „Фарма Трејд“ казнети со 1,78 милиони евра за картел при набавка на инсулин

by Уредник
12.06.2025
in Uncategorized
„Д-р Пановски“ и „Фарма Трејд“ казнети со 1,78 милиони евра за картел при набавка на инсулин

Вишиот управен суд ја потврди одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата, со која е утврдено дека веледрогериите АД „Д-р Пановски“ и „Фарма Трејд“ ДООЕЛ Скопје склучиле забранет договор – картел, при учество во јавна набавка за медицински продукти.

Станува збор за тендер на Министерството за здравство од 2016 година за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал. Двете компании, спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата, свесно договориле цени, заменувајќи ја слободната пазарна конкуренција со координирано пазарно однесување, со што, според Комисијата, нанеле директна штета на државниот буџет.

„Со ваквото договарање се стекнале со противправна имотна корист на сметка на државата“, соопшти Комисијата, која при истрагата се повикувала и на праксата на Европската унија.

За учество во картелот, АД „Д-р Пановски“ е казнета со 1.061.000 евра, а „Фарма Трејд“ со 721.000 евра. Комисијата најави дека ќе поднесе извештај до Управата за финансиска полиција и до Јавното обвинителство за евентуално покренување кривична постапка.

Посебен проблем се објектите со кои управува, а кои се руинирани и во нив не може да се сместуваат гости.

Компанијата ЕЛЕМ Турс располага со недвижности и опрема вредни 4,6 милиони евра, но голем дел од имотот не е осигуран со години, што, според ревизорите, ја зголемува изложеноста на ризици од пожари, кражби и други штети.

Состојбата со сместувачките капацитети во неколку туристички објекти е алармантна. Според извештајот на Државниот завод за ревизија, објектите „Попова Шапка“ и „Славија“ во Тетово, „Свети Стефан“ во Охрид, „Маврово“ во Маврови Анови и автокампот „Ливадиште“ во Струга, не ги исполнуваат минималните технички услови за сместување. Исклучок е само хотелот „Молика“ во Битола.

„Во одморалиштето ‘Свети Стефан’ нема струја, а во ‘Ливадиште’ се во тек реновирања“, наведуваат ревизорите, кои препорачуваат темелна анализа и итна инвестиција во објектите за да станат конкурентни и атрактивни.

Дополнително, како проблематична се посочува и постапката за поделба на друштвото на две нови фирми – ЕСМ Молика и Ски Центар Попова Шапка. Недвижниот имот бил префрлен, но не и движниот, кој вреди над 190.000 евра и за кој не била извршена професионална проценка. Различниот пристап во прераспределбата на вработените предизвикал незадоволство и покренување судски постапки од дел од персоналот.

Next Post
Хорор во Куманово: Татко ја силувал малолетната ќерка

Хорор во Куманово: Татко ја силувал малолетната ќерка

Апсења на неколку локации во Скопје – ова се деталите

Апсења на неколку локации во Скопје - ова се деталите

Препорачани Вести

Би-би-си: Ова е најлошото сценарио за Украина, амбасадорката се фати за глава

11 months ago

Дојава за бомба на Факултетот за политички науки во Белград 

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.