Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Дејвис куп: Македонија поведе против Молдавија, Мицов го донесе првиот поен

by Уредник
12.06.2025
in Uncategorized
Дејвис куп: Македонија поведе против Молдавија, Мицов го донесе првиот поен

Македонската тениска репрезентација поведе во дуелот од третото коло против Молдавија со 1-0 откако Стефан Мицов успеа да го победи Андреј Горбан со 2-0 во сетови (63 64) во меч што траеше 97 минути.

Самиот почеток на мечот имаше чуден тек откако во првите пет гема имаше пет брејка и во таквиот расплет водство од 3:2 во гемови имаше Мицов, кој ги доби и следните два гема на свој сервис, а сетот го заврши со уште еден брејк за 6:3 во првиот сет. Во првиот гем на мечот беа одиграни вкупно 20 поени.

Вториот сет беше сосема поинаков и тенисерите успеваа да освојат гем на свој сервис. Во таква ситуација кога прв почна да сервира Мицов, македонскиот тенисер имаше и предност од 5:4 во гемвои, до моментот кога во 10.тиот гем успеа да направи брејк искористувајќи ја втората меч топка и сетот го заврши со 6:4.

Во вториот меч за Македонија настапува Калин Ивановски, додека на спротивната страна е Илја Снитари од Молдавија.

Во мечот во двојки се пријавени Ивановски и Мицов, а за Молдавија Андреј Киумак и Снитари.

Фото: Игор Паневски

Next Post
Доделени 56 стипендии на најуспешните ученици во Општина Бутел

Доделени 56 стипендии на најуспешните ученици во Општина Бутел

Политичка егзибиција на Софија: Бугарија го избегнува состанокот Радев – Сиљановска Давкова на Самитот на НАТО

Политичка егзибиција на Софија: Бугарија го избегнува состанокот Радев – Сиљановска Давкова на Самитот на НАТО

Препорачани Вести

Македонците го обожаваат, а овој уред во кујната може да ви го скрати животот за повеќе од две години

Македонците го обожаваат, а овој уред во кујната може да ви го скрати животот за повеќе од две години

7 months ago
kamioni

Македонските и регионалните превозници втор ден ги блокираат границите

2 days ago

Популарни Вести

  • kostadinka palazova

    Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.