Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Доколку владиците гласаат пата-пата, пресуден ќе биде гласот на поглаварот

by Уредник
12.06.2025
in Uncategorized
Доколку владиците гласаат пата-пата, пресуден ќе биде гласот на поглаварот

Синодот на МПЦ-ОА денеска избира нов митрополит за Дебарско-кичевската епархија

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска одржува седница на која треба да биде избран нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, која остана без архиереј по смртта на митрополитот г. Тимотеј во ноември минатата година.

Седницата започнува во 10 часот, а според досегашните информации, единствен кандидат за функцијата е јеромонахот Георгиј, кој неодамна доби црковно унапредување во чин игумен на свеченост одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Произведувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Георгиј, поранешен декан на Богословскиот факултет Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши на 27 мај, следниот ден беше произведен во јероѓакон, а веќе на 29 мај стана јеромонах – исклучително брз напредок во црковната хиерархија.

Гласањето со просто мнозинство – пресуден може да биде гласот на архиепископот

Според Уставот на Црквата, за избор на нов митрополит е потребно просто мнозинство. Синодот брои 12 архиереи, што значи дека за избор се потребни најмалку седум гласа. Доколку гласовите се поделат по принципот „пата-пата“, тогаш решавачки ќе биде гласот на архиепископот г.г. Стефан.

Неофицијално, на седницата не присуствува митрополитот повардарски г. Агатангел поради здравствени причини, а отсутен е и Американско-канадскиот митрополит г. Методиј, кој не пристигнал во земјата. Сепак, и двајцата отсутни владици имаат право да го делегираат своето гласачко право на друг синодски член.

Во изминатата недела во неколку градови, меѓу кои Охрид, Скопје и Кичево, се одржаа мирни собири на верници кои јавно го поддржаа епископот антаниски Партениј за идниот митрополит на епархијата.

Изборот на новиот дебарско-кичевски владика ќе биде значајна одлука за иднината на оваа голема и важна епархија, но и за натамошната поставеност на црковната структура на МПЦ-ОА.

Next Post
СВР Битола со детали за случајот во кој внуката ги избоде сопствените баба и дедо

СВР Битола со детали за случајот во кој внуката ги избоде сопствените баба и дедо

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува идејата за една изборна единица

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува идејата за една изборна единица

Препорачани Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска нема да даде предлог за нов шеф на Народната банка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска нема да даде предлог за нов шеф на Народната банка

9 months ago

Франција пред најголемите протести годинава – синдикатите мобилизираат стотици илјади

5 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.