Connect with us

Економија

АГРИА – Стратешки лидер во современото сточарство и безбедно производство на храна

 Агриа, најголемата домашна компанија од месната индустрија беше посетена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој оствари работна средба со менаџментот на најсовремената свињарска фарма во земјава.

Во рамки на посетата, министерот Трипуновски имаше можност одблизу да се запознае со целиот процес на вертикалното интегрирано производство кое го практикува Агриа, почнувајќи од производство на сопствена сточна храна, преку контролирани услови за одгледување и добросостојба на животните, до преработка, пакување и дистрибуција на свежо месо до македонските потрошувачи. Особено внимание епосветено на строгите биосигурносни протоколи, високите стандарди за хигиена и безбедност на храната, како и системските мерки за заштита на животната средина.

„Денеска имавме можност да видиме еден од најсовремените примери на тоа како треба да изгледа современото сточарско производство. Агриа покажува дека кога постои јасна визија, стручност и континуирано вложување во квалитет, домашните компании можат не само да ги достигнат, туку и да ги надминат европските стандарди. Ова не е само фарма или производствен капацитет, туку е целосен систем кој носи економска вредност, обезбедува квалитетна и безбедна храна за граѓаните и отвора нови перспективи за развој на земјоделството во Македонија“, изјави министерот Трипуновски по завршената посета.

Агриа претставува еден од ретките целосно вертикално интегрирани системи во земјата, со сопствени фарми за свињи и говеда, фабрика за добиточна храна, современи капацитети за преработка, како и широка дистрибутивна мрежа која гарантира свежо и безбедно месо со врвен квалитет на македонските трпези. Со моделот на вертикално производство што го практикува Агриа, се  обезбедува континуитет во квалитетот на производот и значајно придонесува за стабилноста и конкурентноста на домашниот агро-производствен сектор.

„Нашата визија отсекогаш била јасна, да градиме интегриран и одржлив модел на производство кој овозможува целосна контрола на квалитетот во секој сегмент. Во услови на динамичен пазар и се поголеми барања за безбедност и следливост на храната, веруваме дека само со континуирани инвестиции во технологија, експертиза и добросостојба на животните можеме да создадеме стабилен систем кој ќе им гарантира на потрошувачите сигурност и врвен квалитет. Посетите како денешната се дополнителен поттик за сите нас да продолжиме со вложувањата и да бидеме двигател на развојот во македонското сточарство“, истакна генералниот директор на Агриа.

Во изминатите години, Агриа континуирано вложува во модернизација на технологијата, обука на кадарот и унапредување на стандардите за производство и безбедност на храната, усогласени со најдобрите европски и светски практики. Со сопствени фарми, фабрика за сточна храна, модерна кланица и широка дистрибутивна мрежа, компанијата успева да одржи контрола врз целиот синџир на вредност – од фарма до трпеза, обезбедувајќивисококвалитетно, проверено и 100% природно месо за секое македонско семејство, со што се гради доверба кај потрошувачите и се зајакнува економскиот потенцијал на домашното производство.

Advertisement

Економија

„Реплек АД Скопје освои „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво

replek

Скопје вечерва блесна под светлата на свечената церемонија на Македонската берза, каде беа доделени Годишните награди за 2025 година, признавајќи ги најуспешните компании и учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Во категоријата за најголем промет на акции, Комерцијална банка ја освои врвната позиција, додека Макпетрол АД Скопје се искачи како акција со најголем пораст на цена во текот на годината. Стопанска банка АД Скопје пак, ја однесе наградата за најголем раст на промет.

Евидентни се и успесите на овластените учесници на пазарот: Еурохаус АД Скопје ја освои бронзената награда, Илирика Инвестментс АД Скопје се закити со сребрена, додека Комерцијална банка АД Скопје го однесе златото.

Bloomberg Adria ја понесе наградата за значаен придонес во едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност, додека „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво годинава по избор на пазарните учесници беше доделено на Комерцијална банка АД Скопје, а по избор на медиумите наградата ја доби Реплек АД Скопје.

Комерцијална банка го однесе и најголемото признание – „Акција на годината“, потврдувајќи ја својата доминација на берзата. Специјални признанија за добри ESG практики добија А1 Македонија ДООЕЛ, Алкалоид АД Скопје, Атлантиц ГРАНД Скопје ДОО, НЛБ Банка АД Скопје и ТИТАН Усје АД Скопје.

Претседателот на Македонската берза, Иван Штериев, оцени дека 2025-та била период на стабилизирање по рекордната 2024 година, истовремено подготвувајќи го пазарот за големите интеграциски чекори кои доаѓаат во 2026 година. „Глобалните берзи продолжуваат со позитивен тренд и покрај турбуленциите, а македонскиот пазар бележи благо смирување, но останува во добра кондиција. Перформансите и дивидендите на најликвидните компании, особено банките, ја одржуваат својата позитивна траекторија и тоа ќе има свој импакт и наредната година“, истакна Штериев, додавајќи дека интеграцијата со европските стандарди е неизбежна и ќе отвори нови можности за македонските компании.

Годишните награди на Македонската берза се доделуваат од 2021 година и се признание за успехот на котираните компании, членовите на Берзата и сите учесници поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

Continue Reading

Економија

Шведскиот мебелски гигант ја затвори вратата: ИКЕА засега не доаѓа на македонскиот пазар

Интер ИКЕА Груп, глобалниот франшизер на брендот ИКЕА, соопшти дека во моментов не постојат конкретни планови за отворање продавници во Македонија, со што ги демантираше информациите што неодамна се појавија во дел од домашните медиуми за можен влез на компанијата на пазарот.

Од групацијата нагласуваат дека постојано ги анализираат можностите за проширување на ИКЕА концептот, како на постојните така и на нови пазари, со цел да бидат поблиску до што поголем број потрошувачи. Сепак, како што наведуваат, до овој момент не е донесена одлука за инвестирање и отворање продажни капацитети во Северна Македонија.

„Интер ИКЕА Груп континуирано ги разгледува можностите за раст, но заклучно со денес нема планови за отворање ИКЕА во Северна Македонија“, соопшти компанијата во официјална изјава.

Во регионот, ИКЕА веќе има воспоставена мрежа на продавници и е присутна во Хрватска, Словенија, Србија, Романија, Бугарија и Грција, што на македонските потрошувачи им овозможува пристап до брендот преку соседните пазари.

Continue Reading

Економија

Вашингтон гради рударска офанзива за критични минерали, Македонија останува на маргините

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува серија, како што ги нарекува, „историски договори“ со домашниот рударски сектор, со цел значително зголемување на производството на критични минерали неопходни за одбраната, високите технологии и енергетската транзиција. Извори блиски до Белата куќа наведуваат дека фокусот е ставен на зајакнување на домашните капацитети и намалување на зависноста од странски пазари, пред сè од Кина.

Во рамки на оваа стратегија, финансиска поддршка веќе добија компании како MP Materials, Lithium Americas и Trilogy Metals. Преку овие инвестиции, САД настојуваат да воспостават посилна контрола врз синџирите на снабдување со литиум, ретки земни елементи и други стратешки суровини кои се клучни за модерната индустрија.

„Целта е Соединетите Држави да не зависат од противници или од странски субјекти кога станува збор за критичните минерали и синџирите на снабдување“, изјави Џарод Аген, извршен директор на Националниот совет за енергетика при Белата куќа. Според него, во првата година од мандатот на Трамп се создадени услови за уште поголем инвестициски бран во рударството.

Аген најави дека администрацијата планира интензивирање на рударските активности во Аљаска и Аризона, каде што се развиваат некои од најголемите рудници за бакар во светот. Бакарот во меѓувреме е ставен на листата на критични минерали, а одлуката на Трамп да го ограничи неговиот извоз и да ги зголеми државните резерви веќе има сериозно влијание врз глобалниот пазар.

На Лондонската берза на метали, цената на бакарот достигна речиси 12.000 долари за тон, поттикната од загриженоста за слабото снабдување и растечката побарувачка, вклучително и од секторот на вештачката интелигенција. Од почетокот на годината, бакарот поскапе за околу 35 проценти, а аналитичарите прогнозираат недостиг од над 120.000 тони годинава и уште поголем дефицит во 2026 година.

Побарувачката дополнително се зголемува поради глобалните инвестиции во електропреносните мрежи и забрзаната енергетска транзиција, каде бакарот е незаменлив материјал за ветерници, соларни панели и електрични возила.

Наспроти овие глобални трендови, Македонија останува на маргините на рударската мапа. Геолошките истражувања укажуваат на значителни резерви на бакар, што е потврдено и во нацрт-Стратегијата за минерални суровини изработена од МАНУ. Сепак, повеќе најавени инвестиции, како оние во Кожуф и Казандол, останаа нереализирани.

Во моментов, единствена активна инвестиција во рудник за бакар е проектот во Иловица, иако инвеститорот во минатото јавно укажуваше на проблеми со правната сигурност. Во услови кога големите светски економии агресивно инвестираат во стратешки минерали, Македонија сè уште нема јасен и функционален модел како да ги искористи сопствените ресурси.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг