Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Единствениот преживеан од вчерашната авионска несреќа раскажа како успеал да го спаси својот живот

by Уредник
13.06.2025
in Uncategorized
Единствениот преживеан од вчерашната авионска несреќа раскажа како успеал да го спаси својот живот

Тешка авионска несреќа се случи вчера при полетување од аеродромот во Ахмедабад, Индија, кога патнички авион на „Ер Индија“ со 242 патници и членови на екипажот удри во зграда што служи како хостел за медицински работници. Освен жртвите во авионот, повредени има и во зградата.

Единствениот потврден преживеан е британскиот државјанин Вишвас Кумар Рамеш (40), кој седел во близина на излезот за итни случаи – на седиштето 11А. Според индиската полиција, тој успеал да скокне од авионот непосредно пред да се случи експлозијата.

– Кога станав, телата беа насекаде околу мене. Бев исплашен. Станав и истрчав. Делчиња од авионот беа расфрлани на сите страни. Некој ме грабна, ме стави во амбулантно возило и ме однесе во болница – изјавил Рамеш, кој сè уште се наоѓа на болничко лекување.

Според доктор Давал Гамети, Рамеш има повеќекратни повреди, но неговиот живот не е во опасност.

Рамеш престојувал неколку дена во Индија за да го посети семејството и се враќал во Велика Британија заедно со својот брат Ајај, кој бил сместен во вториот ред на авионот. За жал, неговиот брат не преживеал.

Рамеш живее во Лондон веќе 20 години со сопругата и ќерката, пренесува Hindustan Times.

Next Post
Се огласи Израел после големиот напад врз Иран: “Готово е”

Се огласи Израел после големиот напад врз Иран: "Готово е"

Изјавата на Гроси е најголемото разочарување за Израел после големиот напад

Изјавата на Гроси е најголемото разочарување за Израел после големиот напад

Препорачани Вести

Скопје ќе биде домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (14-IFESD)

4 months ago

Огнен хаос во близина на Измир: Пожарот ги зафати куќите, евакуирани цели населби

7 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.