Saturday, December 27, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Еве дали е безбедно да се јаде овошје во кое сте пронашле црвчиња

by
2025/06/13 08:12:31
in Uncategorized
Еве дали е безбедно да се јаде овошје во кое сте пронашле црвчиња

Погледот на експертите за овошјето и црвчињата може да ве изненади.

Овошјето и зеленчукот се неопходни делови од избалансираната исхрана. Тие се идеални како ужинка, но и како составен дел од главните оброци. Особено летото нуди широк избор на овошје, но најважно е секогаш да се набавува од проверени извори и темелно да се мие пред конзумација.

Важно е и внимателно да се прегледа овошјето за дамки, дупки или други оштетувања. Ако не се забележат, шансите да има „непоканети гости“ се многу мали.

Сепак, дури и темелното миење понекогаш не ги отстранува црвчињата што се најчесто присутни во сливите, црешите и вишните. Често не ги забележуваме пред да го изедеме овошјето.

Многумина се прашуваат дали е безбедно да се јаде овошје со црвчиња. Всушност, се покажува дека тоа е многу побезбедно отколку конзумирањето на овошје покриено со мувла.

Како што истакнува порталот „Газета Поморска“, црвчињата во овошјето не предизвикуваат болести, ниту пак нивните ларви. Јадењето овошје со црвчиња не би требало да предизвика проблеми со варењето.

Јадењето „црвливо“ овошје, како што се слатките цреши кои содржат бели ларви од црешовата мушичка (Rhagoletis cerasi), генерално е безбедно. Консумирањето такво овошје не предизвикува дигестивни проблеми, ниту труење со храна – објаснува Раде Богуш, инженер во Одделот за прехранбено инженерство и организација на производство при Институтот за прехранбени науки СГГВ, во интервју за порталот haps.pl.

Кое овошје е подобро да не се јаде?

Расипаното овошје претставува далеку поголема опасност за здравјето. Ако овошјето станува кафеаво (со дамки или целосно) и омекнува, треба да се избегнува. Тоа е поради развојот на штетна микрофлора што може да му наштети на организмот. Стручњаците советуваат таквото овошје да се фрли.

Мувлосаното овошје исто така не треба да се конзумира. Треба да се има предвид дека дури и ако мувла само на мал дел од овошјето, тоа треба да се фрли затоа што спорите на мувлата може да бидат присутни низ целото овошје, иако не се видливи.

Next Post
Израел го нападна Иран со 200 борбени авиони и повеќе од 330 различни видови оружје

Израел го нападна Иран со 200 борбени авиони и повеќе од 330 различни видови оружје

Откако Израел изврши огромен напад врз Иран, се огласи американскиот претседател Трамп

Откако Израел изврши огромен напад врз Иран, се огласи американскиот претседател Трамп

Препорачани Вести

Макрон: Потребна е силна акција доколку Русија продолжи со напади во Украина

Русија останува без имот? – Макрон со сериозни предупредувања

3 months ago
Фараж и Рама во јавна пресметка за албанските затвореници: Кој изгуби и што ќе мора да направи?

Фараж и Рама во јавна пресметка за албанските затвореници: Кој изгуби и што ќе мора да направи?

6 months ago

Популарни Вести

  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силна зимска бура предизвика хаос во Шведска, десетици илјади без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.