Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за сабота – 14 јуни: Три хороскопски знаци денес ги очекува позитивно изненадување!

Овен

Оние кои се ангажирани во областа на продажбата или се во движење, можат да очекуваат особено успешна недела. Венера сè уште е во вашиот знак, што ве прави поотворени за флерт од вообичаено. Бидете внимателни со трошоците – лесно можете да претерате.
Ова е идеален период за купување работи кои одамна сте ги планирале, без разлика дали станува збор за облека или домашни потребштини. Можно е кратко патување за време на викендот. Не ги споделувајте сите свои планови – одредени информации е подобро да останат само за вас.

Бик

Очекувајте финансиски прилив, но не се преоптоварувајте со работа – енергијата нема да ви биде на максимум. Љубовта е присутна околу вас, само треба да ја препознаете. Можни се ситни недоразбирања со партнерот, но тие лесно се решаваат со искрен разговор.
Бидете внимателни со доверливи информации – ова не е момент за големи откривања. Задржете ги плановите за себе.

Близнаци

Можно е ненадејна промена поврзана со работното место. Почитувајте ги роковите – дисциплината ќе ви донесе нови можности, можеби преку пријатели. Во љубовта, слободните Близнаци може да започнат тајна врска – размислете добро дали тоа ви одговара.
Оваа недела е поволна за физичка активност и спорт.

Рак

Време е да излезете од зоната на комфор. Променете го аголот на гледање кон проблемите – решенијата се поблиску отколку што мислите. Неделата е погодна за лична организација – со подобро планирање ќе добиете повеќе време за себе.
Ако сте невработени, консултирајте се со блиски пријатели – можно е да се отвори нова можност. Ново познанство е на повидок, а за оние во врска – хармонијата преовладува.

Лав

Завршете ги обврските навреме – тоа ќе ви донесе мир и ќе го намали стресот. Не се враќајте на старите љубовни приказни. Ново и интересно познанство е можно преку работа. Ако сте во врска, ова е добар момент за заедничко патување.

Девица

Неделата е погодна за уживање, но не заборавајте на обврските – потребна е поголема одговорност. Размислете за нов почеток, особено во области што сте ги одложувале. Грешките нема да поминат незабележано кај надредените.
Во љубовта, сте страствени и можно е ново познанство што ќе ви остави силен впечаток.

Вага

Соработката со стари и нови колеги оди одлично. Можно е да се појават непријатни разговори со лица од минатото. За слободните, можно е интересно ново запознавање.
Бидете внимателни со трошоците – платете ги сите обврски на време. Уживајте, но со мера.

Скорпија

Оваа недела е одлична за нови деловни партнерства. Потребна ви е подобра организација за да бидете поефикасни. Ако ви се понуди промена на работното место, прифатете ја.
На љубовен план, сè е во најдобар ред – било да сте слободни или во врска.

Стрелец

Извесни личности би можеле да ве вознемират – држете ја дистанцата. Не позајмувајте пари. Неделата е поволна за купување техника. Можна е соработка со странска фирма или со лице кое живее подалеку.
Во љубовта, избегнувајте конфликти – не мора секогаш да го кажувате сè што мислите.

Јарец

Незадоволството од финансиската состојба може да ве фрустрира, но не ги заборавајте луѓето што можат да ви помогнат. Работите одат поспоро – имајте трпение.
Пронајдете задоволство во мали нешта, спорт или хоби. Опуштеноста ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

Водолија

Оваа недела е поволна за реализација на одамна замислени планови. Не внесувајте емоции во професионалниот дел – рационалноста ќе ви го олесни патот.
Посветете внимание на семејството и размислете за промени во домот. Можен е прилив на пари што подолго време го очекувавте. Љубовта не е во фокусот – слободните нека се посветат на себе, а зафатените нека поработат на комуникацијата.

Риби

Работните прилики се повеќе отколку што можете да постигнете. Фокусирајте се на соработници кои се ефикасни и практични.
Во љубовта, избегнувајте тешки разговори – не бидете премногу директни. Ако сте слободни, можно е интересно ново познанство што ќе ве инспирира.

Advertisement

Магазин

Македонците потрошиле скоро 3 милиони долари на Onlyfans

Македонските корисници во 2025 година потрошиле речиси 3 милиони долари односно вкупно 2.869.784,63 долари на платформата за креирање содржини за возрасни – Onlyfans. 

Иако сумата изгледа висока, сепак таа останува занемарлива во глобалните рамки каде прометот се мери во милијарди, но Македонија и натаму е меѓу државите со најниска просечна потрошувачка во регионот.

На глобалната листа на приходи на Onlyfans за 2025 година, земјава е позиционирана на 86-тото место од вкупно 188 држави. Оваа година потрошувачката е повисока за речиси 370.000 долари во однос на 2024-та година, што претставува пораст од околу 14,82 проценти.

Анализите според потрошувачката усогласена по глава на жител покажуваат нешто подобар пласман односно 64-то место со просек од 12.877 долари на 10.000 жители.

Разликите меѓу земјите се значителни. Словенија е убедливо пред сите со просечни 6,8 долари по жител, следат Хрватска и Грција со по 4,6 долари, Србија со 2,6 долари и Црна Гора со 2 долари. Под Македонија се само Бугарија и Албанија, чија просечна потрошувачка не достигнува ни еден американски долар по жител.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ако го видите овој знак на патот, тргнете се веднаш: Казните се до 200 евра!

Европските земји постепено воведуваат нови сообраќајни правила, а еден знак веќе привлече големо внимание кај возачите. Станува збор за син сообраќаен знак со бел дијамант, чие игнорирање може да биде скапо – во Франција казната е 135 евра, додека во Шпанија е дури 200 евра.

Овој знак означува посебна лента која е наменета само за одредени категории возила. Во Франција, веќе може да се види во поголемите градови како што се Лион, Гренобл и Стразбур, а властите најавија дека ќе биде проширена на целата земја во наредниот период.

Лентата означена со бел дијамант не е достапна за сите. Дозволено е да се вози само со возила со најмалку двајца патници, автомобили со ознака за нулта емисија, такси – дури и кога не превезуваат патници – и јавен превоз. Другите возачи кои ќе се најдат во оваа лента ризикуваат казна.

Специјалните ленти најчесто се наоѓаат во левата лента на автопатите и експресните патишта, особено во областите каде што често се случуваат сообраќајни метежи, како што се приближувањата кон градовите или излезите од автопатите. Во некои случаи, овие правила важат само во одредени периоди од денот, што дополнително е означено со семафори или самиот дијамантски знак.

Целта на воведувањето на овој знак и посебните ленти е да се олесни сообраќајот и да се намали загадувањето. Со поттикнување на заедничкото возење и употребата на еколошки возила, властите сакаат да го намалат бројот на автомобили на патиштата и да го забрзаат протокот на сообраќај, особено во шпицот.

За возачите, ова значи едно – тие треба да обрнат дополнително внимание на сообраќајните сигнали, особено кога возат во странство. Незнаењето на ова правило не ги ослободува од одговорност, а казните можат да бидат сериозен удар за домашниот буџет.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ова се најевтини земји за живеење

Индија, Пакистан и Авганистан се меѓу најдостапните земји во светот кога станува збор за месечните трошоци за живот, покажуваат најновите податоци.

Индија нуди просечна месечна цена на живот од околу 423 американски долари, додека нејзиниот сосед Пакистан е уште поевтин со околу 370 долари месечно. На врвот на листата се наоѓа Авганистан, каде што просечните месечни трошоци изнесуваат околу 354 долари.

Иако овие земји се издвојуваат со ниски цени, експертите предупредуваат дека тоа често оди рака под рака со проблеми со безбедноста, а разликите во трошоците меѓу урбаните и руралните средини можат да бидат значителни.

Други достапни дестинации

Меѓу земјите со ниски животни трошоци се споменуваат и Непал и Бутан, кои се познати по прифатливите дневни трошоци. Во Африка, Бурунди се издвојува како една од најевтините држави.

Виетнам, пак, важи за омилен избор меѓу иселениците благодарение на ниските цени на храна, сместување и секојдневни услуги, наведува CNBC.

Најповолни земји за патување

Лаос, Индија, Тајланд и Филипини се меѓу најевтините дестинации за патници, главно поради евтината локална храна и транспортните услуги.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг