Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Научна студија: Македонската заедница во Округот Корча со длабоки корени и силен колективен идентитет

by Уредник
14.06.2025
in Uncategorized
Научна студија: Македонската заедница во Округот Корча со длабоки корени и силен колективен идентитет

Во Универзитетот „Фан Ноли“ во албанскиот град Корча денес беше презентиран завршниот дел од проектот „Културното наследство на етничките и јазичните малцинства во Округот на Корча“, при што беше претставена и обемна научна студија посветена на македонското, влашкото, ромското и египќанското малцинство — заедници кои, според истражувачите, реално живеат и делуваат во овој регион.

Во делот посветен на македонското малцинство, студијата истакнува дека оваа заедница има длабоки историски корени и изграден колективен идентитет, кој се пренесува од генерација на генерација, и покрај бројните политички, социјални и економски предизвици.

– Зачувувањето, документирањето и промовирањето на културното наследство на македонското малцинство не е само прашање на заедничка историја, туку и морална, политичка и правна обврска на албанската држава — во насока на еднаквост, вклученост и заемно почитување, се наведува во студијата.

Настанот го отворија ректорот на Универзитетот „Фан Ноли“, Лоренц Економи, и претседателот на Советот на Округот Корча, Ерион Неџипи, а присуствуваа претставници на институции и на малцинствата.

Од името на македонското друштво „Сонце“, со поздравно обраќање се јави Васил Стерјовски, кој нагласи дека македонската заедница во Преспа е автохтона и дека со генерации успева да го зачува својот јазик, обичаи, фолклор и духовни вредности.

– Народната носија е еден од најсилните симболи на нашето културно наследство. Таа е повеќе од облека – таа е уметност, историја и симбол на културна припадност, изјави Стерјовски, додавајќи дека фолклорот, песните и ората претставуваат суштински дел од идентитетот на македонската заедница во Преспа.

– Овој настан е не само можност да се претстави нашето наследство, туку и повик до сите – институции, граѓани и државата – да помогнат во неговата заштита, вреднување и пренесување на новите генерации, порача Стерјовски.

Покрај презентацијата на студијата, во холот на универзитетот се одржа и саем посветен на културното наследство на малцинствата од округот. Македонското друштво „Сонце“ се претстави со автентични носии од Преспа, рачно изработени ракотворби, брошури, разгледници и други промотивни материјали.

Проектот е поддржан од Агенцијата за научни истражувања и иновации на Албанија, а го спроведоа професори од Универзитетот „Фан Ноли“, кои преку теренска работа направија детална евиденција на малцинствата што реално живеат во Корчанскиот округ и го проучуваа нивното културно наследство.

Next Post
Едноставни трикови со кои засекогаш ќе ги избркате комарците: Заборавете на скапи средства!

Едноставни трикови со кои засекогаш ќе ги избркате комарците: Заборавете на скапи средства!

Атина загрижена поради растечките тензии на Блискиот Исток

Атина загрижена поради растечките тензии на Блискиот Исток

Препорачани Вести

Секторски пад: Макпетрол и НЛБ во минус, Раде Кончар единствен силен добитник

7 months ago
Зеленски: Ми се допаѓа идејата со границите

Зеленски: Ми се допаѓа идејата со границите

6 months ago

Популарни Вести

  • Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пензионерка измамена за 2.600 евра со лажен повик од „доктор’“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс – градоначалникот на Кичево и пет лица обвинети за штета од стотици илјади евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија најавува економска помош за Сирија по крајот на режимот на Асад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.