Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кровот им паѓал над глава: Петмина и едно скопско друштво обвинети за опасна реконструкција на училиште

by Уредник
15.06.2025
in Uncategorized

СВР Струмица, преку ОВР Гевгелија, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија против 4 лица и против едно друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, поради сомнежи за сериозни кривични дела поврзани со реконструкцијата на кровот на Основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци, соопшти МВР.

СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.Г.(39) од Скопје, сопственик и овластено лице на Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, И.Т.(45) од Скопје, потоа против посоченото Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, како и против Љ.Т.(62) и Л.Г.(69) од Скопје.

Пријавените се сомничат дека сториле кривични дела – „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 5 и кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“ предвидено и казниво по член 289 став 1 од КЗ на РСМ (Г.Г. и И.Т.),„предизвикување опасност при градежни работи“ по член 289 став 3, а во врска со став 1 од КЗ (Правното лице од Скопје), како и кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 3 од КЗ (Љ.Т. и Л.Г.)

Имено првопријавениот Г.Г. на 14.12.2020 година, во својство на одговорно лице во третопријавеното правно лице и во својство на одговорно лице при проектирање на градежни работи, односно реконструкција на кров на ООУ „Петар Мусев“ во Богданци и изработка на проект за реконструкција на кров, постапил спротивно на прописите за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, односно постапил спротивно на член 4 и член 4-а став 2 од Законот за градење и иако бил должен, не ја извршил својата должност, односно не обезбедил мислење за проектиран степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата, со што предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, односно учениците и вработените во ООУ „Петар Мусев“ Богданци.

Воедно, предизвикал штета на буџетот на РСМ (Министерство за образование и наука) во износ од 12.678.049.00 денари, како и на буџетот на општина Богданци во износ од 129.800 денари

Второпријавениот И.Т. на 14.12.2020 година, во својство на одговорно лице при проектирање на градежни работи, односно реконструкција на кровот на ООУ „Петар Мусев“ и изработка на проект за реконструкција на кров исто така постапил спротивно на прописите за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, односно постапил спротивно на член 4 и член 4-а став 2 од Законот за градење со што предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, односно учениците и вработените во ООУ “Петар Мусев“ Богданци, предизвикувајќи штета на буџетот на РСМ и на општината Богданци.

Четврто и петопријавените , пак Љ.Т. и Л.Г.во својство на одговорни лица при вршење на ревизија на основниот проект за реконструкција на ООУ „Петар Мусев“, очигледно несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности како овластни ревиденти и пропуштиле во ревидентскиот извештај да констатираат дека прво и второпријавените лица – проектанти, постапиле спротивно на член 4 од Законот за градење. 

Односно констатирале дека основниот проект е задоволително стручно изработен во согласност со важечките прописи и норми со што постапиле спротивно на член 21 став 2 од Законот за градење и овозможиле на пријавеното правно лице да се стекне со имотна корист во износ од околу 129.800 денари, а дополнително, било причинета штета на буџетот на РСМ во износ од 12.678.049.00 денари.

Инаку, СВР Струмица, односно ОВР Гевгелија продолжува со преземање на мерки и активности во врска со конкретниот случај за утврдување на евентуална инволвираност на други лице во истиот, односно за докажување на нивна одговорност, а се во насока на целосно расчистување на случајот.

Next Post

Млад Велешанец со нож нападнал малолетничка и полицајци – по испукани куршуми успеал да избега, се трага по него

Израел се заканува со нови напади - Листата на мети во Иран сè уште е долга

Препорачани Вести

Тошковски: СДСМ со очајнички напади се обидува да избега од одговорност за осум години уништување на државата

3 months ago

Скопје во чад и опасност – Ѓорѓиевски на терен со противпожарните екипи

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.