Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Продолжуваат нападите меѓу Израел и Иран – регионот на раб на ескалација

by Уредник
16.06.2025
in Uncategorized
Продолжуваат нападите меѓу Израел и Иран – регионот на раб на ескалација

Во текот на ноќта продолжија нападите меѓу Израел и Иран, со употреба на ракети и беспилотни летала. Сирени за воздушна опасност се огласија во Тел Авив и неколку други израелски градови, принудувајќи ги граѓаните да побараат засолниште.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на третиот ден од воздушните операции изјави дека „Техеран гори“, додавајќи дека САД даваат значајна поддршка под раководство на претседателот Доналд Трамп. Тој нагласи дека израелските сили не ги таргетираат цивилите, но дека иранската страна, за разлика од нив, напаѓа населени места.

Од другата страна, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги осуди нападите на Израел извршени преку ирачкиот воздушен простор и побара од Багдад да ја зајакне граничната и воздушната безбедност. Иранската војска упати предупредување до Израел, барајќи итно повлекување од окупираните територии.

– Напуштете ги окупираните територии, тие нема да бидат безбедни за вас. Иранскиот одговор ќе биде сѐопфатен и разорен – изјави портпаролот на иранската армија, полковник Реза Сајад.

Напнатоста во регионот ескалираше по ненадејните израелски воздушни напади врз ирански нуклеарни и воени објекти во петокот, при што загинаа неколку високи ирански генерали и научници.

Паралелно со воените случувања, во Алберта, Канада се одржува Самитот на Г7. Освен лидерите на седумте најразвиени држави, присутни се и претставници на Европската Унија и други поканети светски лидери, меѓу кои и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Иран останува главен извор на регионална нестабилност и нагласи дека дипломатско решение е единствениот одржлив пат за справување со нуклеарната програма на Техеран.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе порача дека неговата земја издаде препорака „да не се патува“ за Израел и Иран, додавајќи дека заканата од нуклеарно оружје мора да се решава преку дијалог и дипломатија, заедно со меѓународните партнери.

Next Post

Ѓорѓиевски награди млади спортски шампиони со бесплатно летување во Охрид

Ѕвездите носат пари: Овие пет хороскопски знаци летово ги очекува полн паричник

Ѕвездите носат пари: Овие пет хороскопски знаци летово ги очекува полн паричник

Препорачани Вести

Аеродром воведува правило „еден садник за секои 10 м² новоградба“

3 months ago
Трагедија ја потресе Македонија: Загина 20 годишен мотоциклист

Судир на булевар Александар Македонски – моторџија од Скопје тешко повреден

5 months ago

Популарни Вести

  • Дивоградба на државно земјиште без одобрение – Полицијата интервенирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор Муцунски–Кос: Решенија за транспортните оператори и напредок во евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.