Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Љатифи: Зелената транзиција е инвестиција во иднината и енергетската независност

by Уредник
17.06.2025
in Uncategorized

Замената на фосилните горива со обновливи извори на енергија не е веќе избор, туку неопходност, порача директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, на осмото издание на Македонскиот енергетски форум – МЕФ 2025. Тој подвлече дека зелената енергетска транзиција и инвестициите во енергетската инфраструктура се клучни за иднината на земјата, за нејзината енергетска независност, одржливост и конкурентност.

„Производството на обновлива енергија е по својата природа променливо и непредвидливо. За да управуваме со тие ефекти, системот мора да биде стабилен, флексибилен и поддржан со интензивни инвестиции,“ нагласи Љатифи.

Според него, досега МЕПСО има примено над 80 барања за поврзување на обновливи извори на електрична енергија на преносната мрежа, со вкупен капацитет од 9.000 MW. Сепак, на краток рок, електроенергетскиот систем може да интегрира до 1.500 MW нови капацитети, со дополнителна флексибилност преку 200 MW системски резерви.

„МЕПСО успешно управува со два паралелни и сложени процеси – обезбедување стабилност на електроенергетскиот систем и динамична интеграција на обновливите извори. Тоа бара висока координираност, техничка експертиза и визија,“ рече тој.

Форумот МЕФ 2025 ги собра на едно место претставниците на владините институции, енергетски експерти, индустриски лидери, граѓански организации и меѓународни партнери, со цел да се трасира одржлива и праведна енергетска иднина за Западен Балкан.

Next Post

Лос Анџелес во боите на македонското знаме во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Мицкоски од Хераклеа: ВМРО-ДПМНЕ носи нова ера на вредности и економски развој

Препорачани Вести

Пријавени две исчезнати малолетни лица во Скопје – полицијата трага по 13-годишно и 16-годишно девојче

6 months ago
Муртезани: Предвремени избори нема да има, Беким Сали ќе биде прв вицепремиер

Муртезани: Предвремени избори нема да има, Беким Сали ќе биде прв вицепремиер

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.