Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Сертифицирана зелена енергија – избор што води кон одржлива иднина

by
2025/06/17 11:25:55
in Uncategorized

Изборот на снабдувач со електрична енергија веќе одамна не се сведува само на цената или сигурноста на испораката. Сѐ поактуелно станува прашањето дали електричната енергија што ја користиме има зелено потекло – дали доаѓа од обновливи извори. Во фокусот е сертифицираната зелена енергија, која не само што гарантира транспарентност од страна на снабдувачот, туку претставува конкретен доказ за одговорноста на потрошувачот.

Сѐ повеќе компании и институции се решаваат за снабдување од обновливи извори на енергија, не само од етички, туку и од стратешки причини. Потрошувачите што избираат зелена енергија придонесуваат за намалување на јаглеродниот отпечаток, ја поддржуваат енергетската транзиција и ја поттикнуваат изградбата на нови капацитети за чиста енергија. За деловните субјекти, пак, ваквиот избор испраќа силна порака до партнери, клиенти и инвеститори – дека одржливоста е стратешка определба.

Компанијата ЕДС, како дел од најголемата европска енергетска групација во Југоисточна Европа, веќе е етаблирана како лидер во снабдувањето со 100% зелена енергија. Нивните клиенти добиваат официјален сертификат за потекло на енергијата, издаден според европски стандарди, што има особено значење за извозно ориентираните компании кои мора да ги исполнуваат ESG-критериумите – еколошки, социјални и управувачки.

Со изборот на зелени модели на снабдување, компаниите, институциите и граѓаните јасно демонстрираат дека профитот и одржливоста не се исклучуваат меѓусебно. Напротив – тие можат и мора да одат рака под рака, особено во време кога климатските промени и глобалните еколошки предизвици бараат конкретни и одговорни избори. Потрошувачите имаат клучна улога во трансформацијата на енергетскиот пазар – нивната побарувачка веќе го менува начинот на кој се произведува и снабдува енергијата.

Next Post
Лисиците не напаѓаат луѓе: Апел од Анима мунди да не се крева паника доколку се види лисица во град

Лисиците не напаѓаат луѓе: Апел од Анима мунди да не се крева паника доколку се види лисица во град

Повеќе од 50 загинати во најновите израелски напади на Појасот Газа – ги чекале камионите со хуманитарна помош

Повеќе од 50 загинати во најновите израелски напади на Појасот Газа - ги чекале камионите со хуманитарна помош

Препорачани Вести

Се бориш со стрес и тага 7 дена по 18 часа и типчето ти вика дека си платеник (СТАТУС НА ДЕНОТ)

9 months ago

Моќта на челикот: Кој ја има најголемата армија на тенкови во светот?

10 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.