Скопје, 18 јуни 2025 — 4iG, водечка телекомуникациска и ИТ-групација во Централна и Источна Европа, именува двајца високи извршни директори да ја водат гринфилдинвестицијата во Северна Македонија, OНE Mакедонија Телекомуникации ДООЕЛ. Овој потег претставува важен чекор во подготовката на Групацијата да учествува на националниот тендер за фреквенции и да воведе трет мобилен оператор со целосна услуга на македонскиот пазар.
Брано Ѓуровиќ е назначен за главен извршен директор на OНЕ Македонија. Ѓуровиќ е искусен извршен директор со повеќе од две децении богато искуство во телекомуникацискиот и технолошкиот сектор низ целиот Западен Балкан и пошироко. Како поранешен извршен директор на OНЕ Албанија, тој успешно ја водел трансформацијата на бизнисот по преземањето, обезбедувајќи подобри перформанси, проширена покриеност и дигитално интегрирано корисничко искуство. Претходно, тој бил комерцијален директор во ОНЕ Црна Гора, а пред тоа работел во Ericsson, Microsoft и други регионални даватели на услуги, каде што бил одговорен за стратегиите за дигитализација, B2B менаџмент на регионално ниво и национални инфраструктурни проекти.
„Северна Македонија претставува стратешки важен нов пазар за групацијата 4iG. Растечката побарувачка во земјата, квалификуваната работна сила и дигиталните амбиции се добро усогласени со нашите долгорочни цели. На пазарот не влегуваме со слогани, туку со докажан оперативен модел и силна посветеност на квалитетна услуга. Нашата цел е да направиме модерни, безбедни и инклузивни телекомуникациски услуги достапни за сите, обезбедувајќи конкретни придобивки за секој граѓанин“ – изјави БраноЃуровиќ, извршен директор на OНЕ Mакедонија.
Габор Алтман е именуван за заменик-извршен директор на OНЕ Mакедонија. Алтман има повеќе од 25 години искуство во раководење на телекомуникациски компании, развој на инфраструктура и дигитални иновации. Тој имал извршни позиции во неколку големи телекомуникациски компании и системски интегратори, каде што раководел со програми за трансформација, проекти за подготовка за 5G и модернизација на корисничките услуги. Алтман е познат по изградбата на ефикасни организациски структури и проширувањето на гринфилд инвестициите со дисциплиниран и брз пристап, што го прави идеален избор за динамичниот пазар во Северна Македонија. Тој повторно се враќа на македонскиот пазар, носејќи претходно искуство од неговата работа во Македонски Телеком во Скопје, каде што од 2008 до 2012 година извршувал повеќе високи комерцијални позиции.
„Ова е ретка можност, да се дизајнира телекомуникациска компанија од следната генерација од самиот почеток, со целосен локален фокус и стратешка поддршка. Со поддршка од Групацијата 4iG и со почит кон македонскиот пазар и институциите, подготвени сме да започнеме со градење од првиот ден. Исто така, ми претставува особено задоволство што се враќам во Скопје, каде што имав можност да работам пред повеќе од десет години, искуство кое продолжува да ја обликува мојата професионална перспектива“, изјави Габор Алтман, заменик-извршен директор.
Групацијата 4iG веќе има основано локално правно лице и се подготвува да учествува на тендерската постапка за фреквенции, распишана од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Нивното влегување на пазарот во Северна Македонија не претставува само комерцијална експанзија, туку и долгорочна стратешка инвестиција во дигиталната иднина на земјата.
Работејќи под брендот OНЕ во Албанија и Црна Гора, Групацијата 4iG опслужува над 2,2 милиони индивидуални и 400 000 деловни корисници и активно гради безбедни мрежи со високи перформанси низ целиот Западен Балкан. Со богато искуство во воведување инфраструктура подготвена за 5G и усогласена со ЕУ, компанијата има уникатна позиција да ги поддржи целите на Северна Македонија за поголема конкуренција, инклузија и дигитални иновации.
За 4iG:
4iG Nyrt., со седиште во Будимпешта и во мнозинска сопственост на унгарски акционери, е една од водечките телекомуникациски и инфо-комуникациски корпорации во Унгарија и регионот на Западен Балкан. Како компанија котирана на берзата во Будимпешта, 4iG е препознатлива по свежиот и иновативен пристап. Како водечки унгарски телекомуникациски и ИТ систем интегратор, 4iG е клучен играч во дигиталната трансформација во регионот.
Како сопственик на ОНЕ Црна Гора и ОНЕ Албанија, групацијата 4iG опслужува скоро 2,2 милиони резиденцијални и 400 000 деловни корисници низ целиот Западен Балкан и е лидер на пазарот во телекомуникациските и инфо-комуникациските услуги во регионот. Како членка на O-RAN Alliance, групацијата е посветена на градење мрежи користејќи технологија од веродостојни и сигурни извори во рамките на иницијативата „Чиста мрежа“.
Со повеќе од 8000 високо квалификувани професионалци, 4iG обезбедува телекомуникациски и инфо-комуникациски услуги од највисок ранг, прилагодени на постојано променливите барања на пазарите на кои работи. Динамичната стратегија за проширување на Групацијата ја зацврсти нејзината позиција како значаен играч во телекомуникацискиот сектор и во Унгарија и на Западен Балкан.
Историски удар за германската автомобилска индустрија: Волксваген ја затвора фабриката во Дрезден
Германската автомобилска индустрија се соочува со сериозни предизвици откако Волксваген најави дека ќе ја запре производството во својата фабрика во Дрезден. Ова е прво затворање на фабрика во Германија во 88-годишната историја на компанијата, што означува историски момент за индустријата која долго време беше мотор на германската економија.
Причините за затворањето се поврзуваат со структурните промени во автомобилската индустрија, особено транзицијата кон електрични возила и потребата за намалување на трошоците. Од Волксваген соопштуваат дека ќе преземат мерки за поддршка на вработените, вклучително и понуди за пренасочување кон други објекти и програми за обука.
Експертите предупредуваат дека ова затворање може да има пошироки последици врз германската економија и добавувачите во автомобилскиот сектор, особено во регионот околу Дрезден. Автомобилската индустрија во Германија, која долго време беше симбол на технолошка извонредност и економска стабилност, сега се соочува со потреба од брзи адаптации за да остане конкурентна на глобалниот пазар.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Поевтинуваат горивата од полноќ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат. Поевтинуваат горивата за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Од Меѓународниот аеродром Скопје вечер во 19:25 ќе биде обновена линијата на Виз ер до Келн со четири лета неделно – секој понеделник, среда, петок и недела.
Оваа авиолинија е порака дека Македонија ги отвора вратите кон Европа и ја зацврстува поврзаноста со еден од најдинамичните региони, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на прес-конференција на скопскиот аеродром.
Таа нагласи дека секоја нова дестинација што им ја отвораме на граѓаните е нова можност – за подобра економска соработка, повеќе туристи, побрз развој на бизнисот и нови партнерства.
Тоа е и можност за поголема видливост на Македонија и посилно вклучување во европските економски и технолошки текови, додаде Божиновска, истакнувајќи дека на нејзина иницијатива повторно се воспоставува авиолинијата Скопје – Прага, која беше во функција од 2005 до 2012 година.
Неџат Курт, генерален директор на Виз ер, нагласи дека отворањето на рутата создава нови можности за патниците и поврзување на двата града, како и економска соработка, туризам, културни разменувања и развој на деловни врски.
Среќен сум што директната линија ќе ја направи Прага подостапна за македонските граѓани и компании и ќе им овозможи на чешките туристи и инвеститори полесно да ја откријат Македонија, рече Курт.
Андраш Радо, директор за комуникации во Виз ер, соопшти дека цената на билетот за летот Скопје – Прага во еден правец за јануари е 21 евро.
Посветени сме да имаме ниски цени и не се предвидуваат корекции, додаде Радо.
Според Курт, следната година се очекува раст од 20 проценти на авиосообраќајот од македонските аеродроми, со над 3,5 милиони патници.