Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Групацијата 4iG именува извршен директор и заменик-извршен директор на OНЕ Македонија

by Уредник
18.06.2025
in Uncategorized

Скопје, 18 јуни 2025 — 4iG, водечка телекомуникациска и ИТ-групација во Централна и Источна Европа, именува двајца високи извршни директори да ја водат гринфилдинвестицијата во Северна Македонија, OНE Mакедонија Телекомуникации ДООЕЛ. Овој потег претставува важен чекор во подготовката на Групацијата да учествува на националниот тендер за фреквенции и да воведе трет мобилен оператор со целосна услуга на македонскиот пазар.

Брано Ѓуровиќ е назначен за главен извршен директор на OНЕ Македонија. Ѓуровиќ е искусен извршен директор со повеќе од две децении богато искуство во телекомуникацискиот и технолошкиот сектор низ целиот Западен Балкан и пошироко. Како поранешен извршен директор на OНЕ Албанија, тој успешно ја водел трансформацијата на бизнисот по преземањето, обезбедувајќи подобри перформанси, проширена покриеност и дигитално интегрирано корисничко искуство. Претходно, тој бил комерцијален директор во ОНЕ Црна Гора, а пред тоа работел во Ericsson, Microsoft и други регионални даватели на услуги, каде што бил одговорен за стратегиите за дигитализација, B2B менаџмент на регионално ниво и национални инфраструктурни проекти.

„Северна Македонија претставува стратешки важен нов пазар за групацијата 4iG. Растечката побарувачка во земјата, квалификуваната работна сила и дигиталните амбиции се добро усогласени со нашите долгорочни цели. На пазарот не  влегуваме со слогани, туку со докажан оперативен модел и силна посветеност на квалитетна услуга. Нашата цел е да направиме модерни, безбедни и инклузивни телекомуникациски услуги достапни за сите, обезбедувајќи конкретни придобивки за секој граѓанин“ – изјави БраноЃуровиќ, извршен директор на OНЕ Mакедонија.

Габор Алтман е именуван за заменик-извршен директор на OНЕ Mакедонија. Алтман има повеќе од 25 години искуство во раководење на телекомуникациски компании, развој на инфраструктура и дигитални иновации. Тој имал извршни позиции во неколку големи телекомуникациски компании и системски интегратори, каде што раководел со програми за трансформација, проекти за подготовка за 5G и модернизација на корисничките услуги. Алтман е познат по изградбата на ефикасни организациски структури и проширувањето на гринфилд инвестициите со дисциплиниран и брз пристап, што го прави идеален избор за динамичниот пазар во Северна Македонија. Тој повторно се враќа на македонскиот пазар, носејќи претходно искуство од неговата работа во Македонски Телеком во Скопје, каде што од 2008 до 2012 година извршувал повеќе високи комерцијални позиции.

„Ова е ретка можност, да се дизајнира телекомуникациска компанија од следната генерација од самиот почеток, со целосен локален фокус и стратешка поддршка. Со поддршка од Групацијата 4iG и со почит кон македонскиот пазар и институциите, подготвени сме да започнеме со градење од првиот ден. Исто така, ми претставува особено задоволство што се враќам во Скопје, каде што имав можност да работам пред повеќе од десет години, искуство кое продолжува да ја обликува мојата професионална перспектива“, изјави Габор Алтман, заменик-извршен директор.

Групацијата 4iG веќе има основано локално правно лице и се подготвува да учествува на тендерската постапка за фреквенции, распишана од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Нивното влегување на пазарот во Северна Македонија не претставува само комерцијална експанзија, туку и долгорочна стратешка инвестиција во дигиталната иднина на земјата.

Работејќи под брендот OНЕ во Албанија и Црна Гора, Групацијата 4iG опслужува над 2,2 милиони индивидуални и 400 000 деловни корисници и активно гради безбедни мрежи со високи перформанси низ целиот Западен Балкан. Со богато искуство во воведување инфраструктура подготвена за 5G и усогласена со ЕУ, компанијата има уникатна позиција да ги поддржи целите на Северна Македонија за поголема конкуренција, инклузија и дигитални иновации.

 

За 4iG:

4iG Nyrt., со седиште во Будимпешта и во мнозинска сопственост на унгарски акционери, е една од водечките телекомуникациски и инфо-комуникациски корпорации во Унгарија и регионот на Западен Балкан. Како компанија котирана на берзата во Будимпешта, 4iG е препознатлива по свежиот и иновативен пристап. Како водечки унгарски телекомуникациски и ИТ систем интегратор, 4iG е клучен играч во дигиталната трансформација во регионот.

Како сопственик на ОНЕ Црна Гора и ОНЕ Албанија, групацијата 4iG опслужува скоро 2,2 милиони резиденцијални и 400 000 деловни корисници низ целиот Западен Балкан и е лидер на пазарот во телекомуникациските и инфо-комуникациските услуги во регионот. Како членка на O-RAN Alliance, групацијата е посветена на градење мрежи користејќи технологија од веродостојни и сигурни извори во рамките на иницијативата „Чиста мрежа“.

Со повеќе од 8000 високо квалификувани професионалци, 4iG обезбедува телекомуникациски и инфо-комуникациски услуги од највисок ранг, прилагодени на постојано променливите барања на пазарите на кои работи. Динамичната стратегија за проширување на Групацијата ја зацврсти нејзината позиција како значаен играч во телекомуникацискиот сектор и во Унгарија и на Западен Балкан.

Next Post

Акциите во надолен тек – МБИ10 се лизна под 10.200 поени

Ниту еден во притвор: Апелацискиот суд во Нови Сад ослободи уште петмина осомничени за падот на настрешницата

Препорачани Вести

Стапија на сила новите правила за увоз на возила – пониски цени и двојно побрза постапка

5 months ago

ЕУ подготвува нов силен удар против Русија ова се деталите

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.