Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Подгответе се за промени: Доаѓа невреме во Македонија!

by Уредник
18.06.2025
in Uncategorized
Подгответе се за промени: Доаѓа невреме во Македонија!

Во нашата Република Македонија се до петок (20 јуни) атмосферата нема да биде стабилна, и тоа поради влијанието на плиткиот циклонски систем со центар над Туренско Море. Во ваква ситуација кај нас ќе имаме повеќе облачност, а во попладневните часови ќе ни се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам локални поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.

Поради загреаната атмосфера која е исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде покрупен. И во делови од Скопскиот регион до петок (20 јуни) во попладневните часови ќе има услови за развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер како и можност за појава на невреме.

Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат и да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

Што се однесува до температурите, тие до петок (20 јуни) ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, и во Скопје температурта ќе се искачува до околу 34/35 степени.

За време на викендот пак (сабота и недела 21/22 јуни) времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика пад на температурите за 3 до 4 степени во споредба со сегашните и за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Наутро повторно ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени.

МетеоАларм – Славчо Попоски 

Next Post
Финска забрани електрични тротинети за деца под 15 години

Финска забрани електрични тротинети за деца под 15 години

Финска забрани електрични тротинети за деца под 15 години

Полицијата уапси возач од Тетово, управувал возило со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80 км на час

Препорачани Вести

Пукање од возило во движење во Скопје

8 months ago
krst

Над 388 милиони христијани низ светот се соочиле со прогон минатата година

3 days ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Прилеп се гордее со младите шампиони – Лука Најдоски е инспирација за сите генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кросето ја исмеа мисијата во Гренланд, Италија вели „не“ на симболични потези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче предлага нов прв човек на ДИК, Кондарко останува член

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отворена Светската купа во сноуборд 2026 во Банско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Ѓурѓај за Нова Македонија: предизвиците и надежите на македонското малцинство во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.