Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Израел жестоко реагира: „Кукавичкиот ирански диктатор седи длабоко во утврден бункер и напаѓа“

by Уредник
19.06.2025
in Uncategorized
Израел жестоко реагира: „Кукавичкиот ирански диктатор седи длабоко во утврден бункер и напаѓа“

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска изјави дека „кукавичкиот“ ирански лидер Али Хамнеи ќе биде повикан на одговорност за „своите воени злосторства“ по ракетниот напад врз болницата Сорока во Бершева, на југот од Израел.

„Кукавичкиот ирански диктатор седи длабоко во утврден бункер и намерно ги напаѓа болниците и станбените објекти во Израел“, истакна Кац.

Според него, овие се најтешки воени злосторства и Хамнеи ќе одговара за нив.

Кац додаде дека тој и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им наредиле на вооружените сили да ги интензивираат нападите врз стратешките цели во Иран и објектите поврзани со режимот во Техеран, со цел да се елиминираат заканите по Израел и да се „дестабилизира режимот на ајатолахот“.

Израелската болница во Бершева беше погодена утрово, во најновиот ирански балистички ракетен напад врз Израел, при што повеќе од 30 лица се повредени, од кои четворица се во потешка состојба, соопшти медицинската служба МАГЕН Давид Адам.

Покрај Бершева, ракетни напади имаше и во Тел Авив, Рамат Ган и Холон, со голема материјална штета.

Иран тврди дека целите на нападот биле исклучиво воени, додека Израел наведува дека најблиската воена база е на неколку километри од болницата која беше погодена.

Иранската агенција Тасним објави дека главна цел на утринскиот напад бил штабот на Командата и разузнавачките служби на Израелските одбранбени сили, како и разузнавачкиот камп во технолошкиот парк Гав-Јам, лоциран покрај болницата.

Агенцијата наведува дека во овие центри се распоредени илјадници израелски војници, како и дигитални командни и сајбер оперативни системи.

Тасним ги демантираше извештаите во израелските медиуми дека иранскиот напад го погодил самиот болнички објект, наведувајќи дека нападот бил насочен кон воените позиции.

Next Post

Ѓорѓиевски: По 30 години, конечно започна реконструкцијата на патот кон Пеленица

Ова е единствената причина поради која Трамп се уште не го нападнал Иран

Ова е единствената причина поради која Трамп се уште не го нападнал Иран

Препорачани Вести

Судски дуел помеѓу Трамп и Би-би-си

1 month ago
Американски генерал: “Не е така како што мислите, Украинците напредуваат и се во одлична позиција”

Американски генерал: “Не е така како што мислите, Украинците напредуваат и се во одлична позиција”

10 months ago

Популарни Вести

  • iran

    Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.