Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Министерството за енергетика ги усогласува четири нови закони со европските стандарди

by Уредник
19.06.2025
in Uncategorized

По неодамнешното усвојување на новиот Закон за енергетика, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предводено од министерката Сања Божиновска го забрзува темпото на реформи и веќе работи на следниот пакет регулативи што ќе ја усогласат македонската правна рамка со најновите европски директиви. Фокусот сега се става на деталните механизми – од поттикнување на инвестициите во чисти извори, преку унапредување на енергетската ефикасност, до модерно управување со минералните суровини.

Според извори од ресорното министерство, до крајот на летото јавноста ќе биде запознаена со сет од четири нови закони: Закон за користење на обновливи извори на енергија, Закон за енергетска ефикасност, Закон за геологија и Закон за рударство. Со овој сет на закони се очекува да се постават јасни правила за поттикнување зелени инвестиции, зголемување на енергетската ефикасност и одржливо искористување на подземните богатства, при што секој закон ќе носи прецизни насоки, рокови, права и обврски за сите чинители.

Целта на Законот за користење на обновливи извори на енергија (ОИЕ) е намалување на употребата на фосилни горива и емисиите на стакленички гасови и зголемување на искорестеноста на ОИЕ заради заштита на животната средина и ублажување на климатските промени. Покрај оваа клучна цел, останати цели на Законот се:  развој на претприемништвото и создавање нови работни места,  диверзификација на производството на енергија и зголемување на уделот на ОИЕ, зголемување на сигурноста во снабдувањето на крајните потрошувачи и долгорочно намалување на зависноста од увоз на енергија и енергенси. Со Законот за енергетска ефикасност се врши исполнување на обврските кои произлегуваат од членство на Македонија во Европската енергетска заедница, односно се усогласуваме со Пакетот на Европската унија за чиста енергија. Со овој Закон ќе се воведе начелото „енергетската ефикасност на прво место“ со што ќе се даде приоритет на мерките за енергетска ефикасност при енергетското планирање. Законот за енергетската ефикасност предвидува обврска за реконструкција на најмалку 3 отсто од вкупната површина на зградите (во сопственост на органите на централна власт) на годишно ниво, како и изработка на долгорочна Стратегија за реконструкција на станбени згради до 2050 година, со цел трансформација на постоечките згради во високо енергетски-ефикасни и декарбонизирани згради со речиси нулта потрошувачка на енергија.

 

Покрај промени во законите од областа на енергетиката, Министерството работи и на регулатива која се однесува на минералните суровини т.е. се планира донесување на два закони (Закон за геологија и Закон за рударство) кои претставуваат темелно, современо и институционално решение. Законите се усогласени со најдобрите европски практики и воведуваат системски ред и зајакната контрола во секторот, но и прецизно ги утврдуваат правата и обврските на концесионерите, се поставуваат јасни правила на игра, а во фокусот е и одговорно искористување и заштита на националното рударско богатство. 

Со новите закони во областа на минералните суровини, министерството сака да ги оставари следните цели: подобра заштита на животната средина, поддршка на локалните заедници, поголема контрола и транспарентност, поголема економска корист за државата, како и спречување на нелегална експлоатација. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводено од Сања Божиновска, постои само една година, но веќе постигна исклучителни резултати во воспоставување регулатива што со години недостасуваше. Усвојувањето на новиот Закон за енергетика ги отвори вратите за целосно либерализиран и европски усогласен енергетски пазар, а претстојниот пакет закони ќе ја зацврсти реформската траекторија.

Со ваквата динамика Министерството под водство на Божиновска демонстрира дека може брзо да донесе современи правила, да мобилизира инвестиции и да обезбеди јасна правна сигурност за сите чинители во секторот – од големите инвеститори и локалните власти, до граѓаните што сакаат да инсталираат фотоволтаични панели на сопствениот покрив. Резултатот е поставување стабилни темели за зелена, ефикасна и конкурентна енергетика – област што долги години чекореше во место и сега конечно добива јасна насока и конкретни рокови.

Next Post

Љатифи: Новиот далекувод Тетово–Призрен е стратешки чекор за енергетска поврзаност на регионот

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро, истрагата во тек

Препорачани Вести

Божиновска: Со јасна визија и конкретни чекори ја движиме енергетиката напред

12 months ago
Цеца скршена од болка се прости од Саша Поповиќ

Цеца скршена од болка се прости од Саша Поповиќ

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.