Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Путин донесе одлука за Украина: Ситуацијата може драстично да се промени

by Уредник
19.06.2025
in Uncategorized
Путин донесе одлука за Украина: Ситуацијата може драстично да се промени

Путин со остра порака: „Доколку нема договор, Русија ќе ги постигне целите по воен пат“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска порача дека на територијата на Украина нема да останат вооружени сили кои во иднина би можеле да претставуваат закана за Русија и нејзиниот народ. Според него, Киев мора итно да донесе одлука – дали сака мир или целосен воен пораз.

– Ако Украина не постигне договор со Русија сега, додека преговорите се водат во Истанбул, ситуацијата за нив драстично ќе се влоши. Веќе нема простор за одолговлекување – изјави Путин.

Тој додаде дека, во случај на неуспех на преговорите, Москва ќе ги реализира своите цели со други средства.

„Ако не постигнеме договор по мирен пат, ќе ги оствариме целите по воен“, потенцираше рускиот претседател.

„Киев ja започна војната, Русија се обидува да ја заврши“

Говорејќи за причините за конфликтот, Путин повтори дека Русија не е таа што ја започнала војната во Украина.

– Тоа беше Киев, кој ја употреби својата армија против цивилното население во Донбас. Русија се обидува да стави крај на таа војна – изјави тој.

Состанок со Трамп – само со сериозна подготовка

Одговарајќи на новинарско прашање за евентуален состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, Путин оцени дека таква средба би можела да биде корисна, но само ако е внимателно и темелно подготвена.

„Трамп е пред сè бизнисмен, и тоа е неговата предност. Тој размислува пресметано – и во политиката, и во односите со Русија“, истакна Путин.

Овие изјави доаѓаат во момент кога преговорите во Истанбул се на клучна пресвртница, а Москва отворено дава до знаење дека е подготвена и за дипломатско, и за воено решение.

Next Post
Владата потврди: Околу 50 училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата потврди: Околу 50 училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Светските медиуми потврдија: Иран за првпат му нанесе огромна штета на Израел

Светските медиуми потврдија: Иран за првпат му нанесе огромна штета на Израел

Препорачани Вести

По пожарот во Кочани се лекуваше во Италија, директорката на клиниката го посети во Македонија

10 months ago

Во Грција се шири нов вид измама: Сезоната носи наплив на туристи – плен за нелегалната продажба!

8 months ago

Популарни Вести

  • Запалени шишиња фрлени кон куќа во Скопје, спречена поголема трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Жителите на Киев објавуваат фотографии од замрзнати станови и импровизирани начини за греење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.