Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Адвокатот побара ослободување на Палчо поради недостиг на докази

by Уредник
20.06.2025
in Uncategorized
Адвокатот побара ослободување на Палчо поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, во завршните зборови пред судот побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Страшевски истакна дека во обвинителниот акт не е прецизно наведено кои дејствија ги презел Палевски, а самиот документ, според него, е контрадикторен и ги искривува фактите со цел да се создаде погрешна слика пред јавноста и судот.

„Нема докази и наместо Јавното обвинителство да ја сопре постапката, поднесе обвинителен акт со низа законски пропусти. Пресудата беше однапред најавена дури и пред да почне постапката, а медиумите тоа го презентираа, без почитување на уставното право на презумпција на невиност“, изјави Страшевски.

Тој го обвини судијата од претходната постапка дека одлучувал без да има доставени докази, туку само врз основа на обвинението, што, како што вели, претставува прекршување на Законот за кривична постапка.

Во обвинителниот акт, додаде Страшевски, не се наведени цврсти факти со кои надвор од разумен сомнеж се докажува дека Палевски ги организирал и извршил убиствата.

„Обвинителството не го докажа ниту времето на убиството на Панче, а за убиството на Вања мотивот остана непознат“, рече адвокатот, посочувајќи дека во истрагата останале многу неодговорени прашања.

Next Post
Приведени тројца разбојници во Скопје, еден од нив малолетник

Приведени тројца разбојници во Скопје, еден од нив малолетник

Поранешен ирански преговарач: „По израелските напади, Иран веројатно ќе направи нуклеарна бомба“

Поранешен ирански преговарач: „По израелските напади, Иран веројатно ќе направи нуклеарна бомба“

Препорачани Вести

Чупеска не исклучува коалиција на СДСМ и со ДУИ

Чупеска не исклучува коалиција на СДСМ и со ДУИ

8 months ago
СКАНДАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Две жени се обидуваат да го заштитат детето од автомобил кој вози по пешачка патека (ВИДЕО)

СКАНДАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Две жени се обидуваат да го заштитат детето од автомобил кој вози по пешачка патека (ВИДЕО)

10 months ago

Популарни Вести

  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.