Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, осуден на парична казна од 10.000 евра за несоодветни директорски назначувања

by Уредник
20.06.2025
in Uncategorized

Основниот суд во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко за кривичното дело „несовесно работење во службата“, поради нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори во неколку општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

Судијата Јордан Јованов, кој го водеше предметот, му изрече на Мерко парична казна од 100 дневни глоби, што во вкупен износ изнесува околу 10.000 евра. При образложувањето на пресудата, Јованов наведе дека биле земени предвид олеснителни околности – пред сè фактот дека обвинетиот досега не бил осудуван.

Според судот, Мерко постапил спротивно на Законот за основно образование при назначувањето на директорите – без јавен оглас, без исполнување на законските услови, и со повеќекратно повторување на функцијата на исто лице без потребното одобрение. Во доказната постапка беа приложени извештаи и записници од Државниот просветен инспекторат, кои укажувале на континуирани прекршувања.

„Станува збор за продолжена постапка, со повторени прекршувања во повеќе училишта и за повеќе лица. Правилата се јасни и не смеат да се заобиколуваат“, изјави судијата Јованов.

Обвинителството најави жалба на пресудата.

Против Мерко се водат уште два активни предмети за слични прекршувања, во училиштата „Браќа Миладиновци“ и во село Велешта. За последниот случај се очекува разврска следниот месец, а во друг се чека сослушување на последен сведок. Дополнително, Мерко се соочува со постапка за незаконско поставување спомен-обележје пред општинската зграда.

Пред десет дена, Судот во Струга донесе ослободителна пресуда за Мерко во друг предмет поврзан со набавка на службени возила во вредност од 114.000 евра, вклучително и луксузно „Ауди А6“.

Next Post

ВИДЕО: Тепачка на обиколницата: од боксови до удари со стапови и шамари

Огромни колони на „Богородица“ за влез во Грција – еве што се случува во моментов таму

Гужви на Богородица: Чекање и до два часа на македонската страна од границата

Препорачани Вести

Фатени ирански шпиони во Германија

7 months ago
Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.