Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Американското воздухопловство ја разјасни мистеријата со „авионот за судниот ден“ – еве зошто имал специјален лет

by Уредник
21.06.2025
in Uncategorized
Американското воздухопловство ја разјасни мистеријата со „авионот за судниот ден“ – еве зошто имал специјален лет

Американското воено воздухопловство ја откри причината зад неодамнешниот лет на т.н. „авион за судниот ден“ – специјалниот Boeing E-4B, кој предизвика шпекулации и загриженост во јавноста.

На 17 јуни, љубителите на авијацијата го забележаа E-4B во лет, што ги поттикна стравувањата од глобален конфликт, особено во услови на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.

Изјавата на Доналд Трамп дека „можеби“ ќе нареди напад врз Иран, дополнително ја зголеми вознемиреноста. Во таков контекст, активирањето на авион дизајниран за нуклеарни кризи – како летечка команда во случај на катастрофа – се сметаше за знак за можна ескалација.

Сепак, Американското воздухопловство објасни дека летот бил рутинска, однапред планирана мисија, без никаква врска со случувањата на Блискиот Исток. Авионoт „Nightwatch“ полетал од Луизијана, кружел над источниот брег и слетал на базата Ендрјус во Мериленд.

На официјалниот X-профил на воздухопловството беше објавена фотографија од посетата на секретарот Трој Мајнк, кој добивал брифинзи за стратешки програми. Со тоа беа отфрлени теориите за вонредна состојба.

Интерес предизвика и промената на повикувачкиот знак – од вообичаениот „ORDER6“ на „ORDER01“. Иако тоа предизвика нови шпекулации, засега нема официјално објаснување, а можно е да станува збор за административна промена без поголемо значење.

Next Post
Ситуацијата на Блискиот Исток ескалира: Израел под ракетен оган, полетаа 52 воени авиони

Ситуацијата на Блискиот Исток ескалира: Израел под ракетен оган, полетаа 52 воени авиони

Полицијата уапси двајца возачи во Штип, управувале со возилата под дејство на алкохол

Полицијата уапси двајца возачи во Штип, управувале со возилата под дејство на алкохол

Препорачани Вести

Ако Киев користи ракети Таурус против Русија, ќе се смета дека и Берлин влегува во конфликтот

9 months ago

Путин се заканува со „Сатана“: Русија возвраќа по украинските напади, Западот во тревога

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.