Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Бизнис, држава и иднина – Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

by Уредник
22.06.2025
in Uncategorized

 Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач. Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати. 

,,Ова беше моја потреба да кажам некои работи кои одамна сакав да ги кажам. Да ја кажам вистината за мене од раѓање, од какво семејство потекнувам, кои биле моите предци, што работеле, колку имот имале, па потоа немаленишто со доаѓањето на национализацијата, дека јас лично пред 20 години почнав од нула, ама почнав со многу инженерско знаење, бизнис логика и преголема желба да успеам и да излезам од сиромашен живот’’- вели Анѓушевза неговата книга, напишана за три недели во јануари годинава.

Во еден дел се осврнува и на политиката, за која вели дека никогаш повеќе не сака да има никаква врска. Неговите погледи кон тоа како функционира државата како систем се сомничави, поради тоа што во последните 30 години,според него, не напредувавме доволно како држава и не се презеле храбри чекори. Во книгата дава предлози што би можело да помогне, иако како што вели, и самиот тој не добивал голема поддршка да ги спроведе кога лично бил дел од владата поради тоа што политиката кај нас е во принцип насочена кон дневно-политички опстојувања наместо кон стратешки решенија. Посакува и се надевановата власт и секоја идна власт да може да покаже поинакви резултати.

Како што заклучува на крајот, Анѓувшев ја напишал книгата за сепак да ги охрабри младите иднината да ја гледаат во Македонија.

,,Во оваа книга се обидов преку својот живот, преку своите искуства и грешки, да оставам едно четиво за сите кои денес се занимаваат или сакаат во иднина да се занимаваат со бизнис. Ова е, пред сѐ, книга за тоа дека може да се почне од нула и да се успее во животот со многу работа и учење. И дека никогаш не треба да се откажувате’’-вели Анѓушев. 

Ова е првпат Анѓушев да напише книга која е надвор од машинската струка, односно надвор неговите книги од кои се учи на Машинскиот факултет.   

Од печат излезе на македонски и англиски јазик, во соработка со издавачката куќа Арс Ламина. Ќе се продава во книжарите на Литература и во уште повеќе од 100 книжари и штандови за книги во хипермаркетите. 

Next Post

Туристи на плажа на Јадранот снимиле призор што ќе го шокира регионот: „Ова стана зона на сумрак“

Медведев по нападите врз Иран: Трамп започна нова војна

Препорачани Вести

Армиски хеликоптер утринава интервенираше во гасење на пожар во близина на Општина Василево [ФОТО]

Армиски хеликоптер утринава интервенираше во гасење на пожар во близина на Општина Василево [ФОТО]

6 months ago

Сиљановска – Давкова го прими адмирал Стјуарт Манч, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.