Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

by Уредник
23.06.2025
in Uncategorized
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) одлучи да ја прекине соработката со СДСМ и да продолжи со самостојно политичко делување. Одлуката е донесена на седница на Централниот одбор на партијата, на која биле усвоени три клучни насоки за идниот ангажман на ДОМ.

Како што соопштија од партијата, заминувањето од коалицијата претставува „принципиелен чекор за заштита на вредносниот интегритет на ДОМ“. Оттаму велат дека кога политичките процеси стануваат затворени и лишени од визија, потребна е нова, јасна и идеолошки доследна насока.

Во рамки на новата стратегија, ДОМ најавува настап на локалните избори без партнери од традиционалниот политички спектар. Наместо тоа, ќе се фокусира на соработка со граѓанскиот сектор, локалните заедници и индивидуи кои ги споделуваат вредностите за зелена, праведна и инклузивна политика.

„Коалициите се средство за остварување на заеднички вредности, но кога тие вредности се изгубени, неопходен е нов почеток. Затоа започнуваме со создавање на ‘Коалиција за зелена иднина’ – отворена платформа за поддршка на автентични локални кандидати од граѓаните за граѓаните“, соопштуваат од ДОМ.

Партијата ги обвинува „тивките коалициски партнери“ дека во два наврати гласаа за ограничување на граѓанското право на учество, со што беа исклучени независните кандидати од изборната трка. Тоа, како што посочуваат, е еден од клучните мотиви за напуштање на досегашната коалиција.

ДОМ упати и јавен повик до сите активисти, млади, студенти и граѓани кои се залагаат за еколошка, праведна и европска Македонија – да се вклучат во нивната нова политичка мисија.

Со овие потези, велат од партијата, се отвора политички простор за сите кои веруваат во доследна, вредносна и етичка политика.

Next Post
Голем неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Оваа недела, во фокусот ќе бидат финансиите

Голем неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Оваа недела, во фокусот ќе бидат финансиите

Македонија на удар на засилен топол бран од Африка: Температури до 40 степени!

Македонија на удар на засилен топол бран од Африка: Температури до 40 степени!

Препорачани Вести

Вечерва прегазена и девојка кај „Сити мол“

9 months ago

Двајца американски војници загинаа, а еден е повреден во близина на границата со Мексико

10 months ago

Популарни Вести

  • Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на апсолутна лојалност на Делси Родригез

    Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на апсолутна лојалност на Делси Родригез

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Плата за невидливи работници – поранешен градоначалник под истрага за милионска измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шар Планина под висок ризик од лавини: Стручни екипи апелираат на претпазливост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.