Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност: Родовата идеологија нема да биде дел од новите национални приоритети

by Уредник
23.06.2025
in Uncategorized

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност започнува сеопфатен процес за утврдување на Националните приоритети на Република Македонија во рамки на програмата Еразмус+ и ЕСК, за периодот 2026–2027 година.

Овој процес ќе биде целосно усогласен со шесте фундаментални вредности на Европската Унија, кои претставуваат темел на секоја јавна политика и образовна стратегија: почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, равноправност, владеење на правото и почитување на човековите права.

Во рамки на ова усогласување, ќе се спроведе институционален и јавен дијалог со цел дефинирање на приоритети кои ќе ги рефлектираат потребите на македонското општество, а притоа ќе бидат во согласност со европските стандарди и нашите национални вредносни определби.

ЈАСНА ПОЗИЦИЈА: Поддршка за полова еднаквост, одбивање на родова идеологија

Во тој контекст, Националната агенција изразува јасна и недвосмислена определба дека во рамки на националните приоритети нема да се поддржуваат политички конструкции на т.н. „родова идеологија“, кои немаат научна основа, ниту се дел од обврските преземени од државата.

Притоа, агенцијата останува цврсто посветена на:

  • Унапредување на половата еднаквост
  • Поголема вклученост на жените од социјално загрозени семејства и маргинализирани средини
  • Поддршка за нивно учество во меѓународни образовни програми и пристап до високо образование, како предуслов за трајно надминување на системската сиромаштија и нееднаквост.

Оваа насока е целосно усогласена со хоризонталните приоритети на ЕУ, како инклузија и диверзитет, зелена агенда, дигитална трансформација и граѓанско учество и европските документи за еднакви можности и не подразбира наметнување на идеолошки ориентации спротивни на културните, општествените и уставните норми на Република Македонија.

Повик за учество
Националната агенција ги повикува сите засегнати страни – универзитети, училишта, граѓански организации, младински структури, бизнис сектор и поединци – активно да се вклучат во процесот на консултации, со свои предлози и визија за иднината на европските образовни програми во нашата земја.

Само заедно можеме да изградиме праведна, инклузивна и достоинствена перспектива за нашите ученици, студенти и граѓани.

Next Post
После нападите врз Иран, Трамп ја сподели најлудата идеја досега

После нападите врз Иран, Трамп ја сподели најлудата идеја досега

НАЈНОВА ВЕСТ: Нападната американска воена база

НАЈНОВА ВЕСТ: Нападната американска воена база

Препорачани Вести

55.000 евра за едно ноќевање – што нуди најскапата хотелска соба во Германија?

55.000 евра за едно ноќевање – што нуди најскапата хотелска соба во Германија?

8 months ago
Три хороскопски знаци кои секогаш ја кажуваат вистината

Три хороскопски знаци кои секогаш ја кажуваат вистината

7 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.