Monday, February 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

САД објавија снимки од „невидливите“ бомбардери пред нападот врз Иран

by Уредник
23.06.2025
in Uncategorized

Американското Министерство за одбрана објави снимки и фотографии од седум стратешки бомбардери B-2A „Spirit“, кои на 20 јуни полетаа од базата Вајтмен во Мисури, во рамки на операцијата „Полноќен чекан“ — воздушен напад врз иранските нуклеарни постројки.

Секој авион бил вооружен со две супер-тешки бомби GBU-57A/B „Massive Ordnance Penetrator“ (MOP), т.н. „разурнувач на бункери“, тешки по 13.600 килограми, дизајнирани за уништување на подземни и утврдени цели. Според објавената документација, бомбардерите се вратиле во САД на 22 јуни, по повеќе од 36 часа непрекинат лет.

Во координација со Израел, САД во раните утрински часови на 22 јуни извршија прецизен напад врз три главни ирански нуклеарни локации: Фордо, Натанз и Исфахан. Централна мета бил подземниот објект Фордо, кој бил гаѓан со MOP бомби способни да пробијат повеќеслојни бетонски и земјени заштити.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека сите цели биле успешно погодени и дека нападот имал за цел да го запре напредокот на иранската нуклеарна програма и да го врати Техеран на преговарачката маса по неуспехот на дипломатските напори.

Пентагон потврди дека се истрелани вкупно 75 прецизни проектили, вклучително и над дваесетина „Томахавк“ ракети, во најголемата координирана акција против Иран досега.

ВИДЕО

Next Post

Трамп по нападот на Иран: „Слаб одговор, можеби конечно ќе има мир во регионот“

МНР со апел до граѓаните во Блискиот Исток: Следете ги упатствата и избегнувајте патувања

Препорачани Вести

Издадена спортска Монографија „100 години фудбал во Велес“- спортски достигнувања, ентузијазам и посветеност (видео и фото)

9 months ago

Снег до 50 см и повеќечасовни прекини на струја во Голо Брдо по обилните врнежи

3 weeks ago

Популарни Вести

  • Аудито на Мерко оди на продажба: Платено 67.000 €, а наддавањето стартува од 10.000 €

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СКАНДАЛ ВО ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ: По рекордната заплена на 5 тони марихуана со потекло од Македонија двајца началници добија отказ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел изврши напади со дронови на југот од Либан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР ги соопшти деталите и сторените прекршоци кои ги регистрираа камерите на “Безбеден град” – Погледнете колку казни “напиша” системот на првиот ден

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Видеоснимка од трагичната автобуска несреќа во Турција во која загинаа 9, а 23 се повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.