Connect with us

Скопје

70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”

Под слоганот „Сѐ на свое место“, од четврток започнува одбележувањето на значајниот јубилеј – 70 години од постоењето на Општина Кисела Вода и Културното Лето, кои ќе бидат одбележани со богата и рекордно обемна програма на културни настани, со настапи на повеќе сцени, и учество на познати музички имиња и уметници.

Меѓу нив се истакнува Roger Sanchez – светска хаус ѕвезда и добитник на Греми награда, кој ќе настапи во Расадник, заедно со DJ Matz, DJ Ampov и DJ Деан Мицкоски, на вечерта што ќе го отвори културното лето. Публиката ќе има можност да ужива и во концертите на Каролина Гочева, Next Time, Слаткаристика, Два Бона, Теа Пејич Зајкова со бендот 2Exit, како и во настапите на Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Огнен Здравковски и Бојана Скендеровски. Програмата вклучува и стенд-ап настапи, семејни активности и детски изведби.

На денешната прес-конференција, покрај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, присуствуваа и дел од изведувачите, дуото Два Бона, поп ѕвездата Бојана Скендеровски, стенд-ап комичарот Бојан Велевски, зборуваше и Бобан Милошески од продукцијата Авалон, како и Миро Кацаров, еден од четврицата водители кои годинава ќе бидат дел од Културното лето – Сашко Коцев, актерката Драгана Левенска и водителката Верица Донев.

-Големо е моето задоволство што сме денес тука, на два дена пред почетокот на одбележувањето на еден значен јубилеј. Општина Кисела Вода одбележува 70 години од своето постоење, и тоа со програма која е разновидна, содржајна и квалитетна, креирана да допре до сите генерации. Во период кога стоиме на прагот на последната година од мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, зад нас оставаме време на темелна работа – во урбанизмот, инфраструктурата, образованието, спортот, социјалата и – секако, во културата и забавата. Од општина во која речиси и да немаше културен настан, Кисела Вода денес е синоним за масовност, квалитет и незаборавни вечери, со настани што собираат и до 30.000 посетители. Што би се рекло, СЕ’ НА СВОЕ МЕСТО. Оваа година не само што не е исклучок туку имаме рекорден број изведувачи кои ќе настапат на повеќе сцени и ќе понудат разновидна програма за сите возрасти, за сите жители на Кисела Вода и за сите Скопјани. Свечената седница на Советот и доделувањето на статуетки во форма на клучеви на заслужни жители на Кисела Вода, кои ќе се случуваат во четврток во утринските часови, се само вовед во богатата роденденска прослава.

Вечерта на 26 јуни, Расадник ќе биде домаќин на голем музички спектакл. Ќе настапат DJ Matz, DJ Ampov и Деан Мицкоски, а потоа – на сцената ќе се појави светската хаус ѕвезда Роџер Санчез, добитник на Греми, диџеј кој ги полни најголемите клубови и фестивали во светот. Горди сме што токму Кисела Вода ќе го слушне неговиот сет, и тоа бесплатно.

Останатиот дел од програмата е целосно посветен на поддршката на македонските уметници. Ова е дел од нашата определба – да им даваме простор на домашните уметници, не само како алтернативна опција, туку како основен избор. Затоа, и оваа година, како и во сите претходни, изборот на учесници е направен врз основа на квалитет, оригиналност и енергија, со која Кисела Вода успеа да се брендира како општина на културата, урбаната сцена и живата традиција.

Оваа програма уште еднаш потврдува дека Кисела Вода не гради само улици, училишта и инфраструктура – туку и заедништво, спомени и вредности што остануваат. И во културата, и во животот – сѐ е на свое место. А кога работите се на своето место, природно е да гледаме напред. Со искуство зад себе, со јасна визија пред себе. Верувајте, најдоброто допрва доаѓа – истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Програма за роденденската прослава и културното лето „Сѐ на свое место“:

 

26 јуни – Расадник

11:00 – Свечена седница, Дом на култура „Билјана Беличанец“

20:30 – DJ Matz

21:30 – DJ Ampov

DJ Деан Мицкоски

Roger Sanchez

 

27 јуни – Крст Драчево

20:30 – 21:00 – КУД „Китка“

21:00 – 22:30 –

Миле Кузмановски

Сузана Спасовска

Огнен Здравковски

Бојана Скендеровски

22:30 – 00:00 – Каролина Гочева

 

28 јуни – Расадник

20:30 – 21:30 – Next Time

21:30 – 00:00 – Два Бона и Слаткаристика

 

29 јуни – Парк „Македонија“ / Расадник

10:30 – 14:00 – Семеен ден, Парк „Македонија“

20:30 – Стенд-ап: Бојан Велевски и Марјан Ѓорѓиевски

21:30 – Теа Пејич Зајкова & 2Exit

Скопје

Меџити ја пречека Елиса Спиропали во Чаир – фокус на регионалната соработка

По официјалната посета, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ја пречека и Елиса Спиропали во просториите на општината.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во јакнењето на меѓународните односи, како и значењето на подлабоката меѓуинституционална соработка во насока на заедничките интереси.

Според Меџити, посетата на Спиропали во Чаир испраќа јасна порака за политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија. Воедно, таа претставува потврда за заемната волја за интензивирање на соработката меѓу двете земји.
Фокусот на разговорите бил ставен на развојот, интеграцијата и јакнењето на вредностите кои ги поврзуваат двете држави, при што беше нагласена потребата од продолжување на отворената комуникација и партнерскиот пристап во иднина.

Continue Reading

Скопје

Жителите на Општина Аеродром сега можат директно да ја оценат работата на општината

Во обид да ја направи локалната самоуправа поотворена, поефикасна и поблиска до граѓаните, Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин на давање оцени и мислења за квалитетот на работењето на Општината и на секој вработен поединечно.

Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку препознавање на позитивните практики, како и идентификување на областите каде постои простор за подобрување.

Анкетата е кратка, трае помалку од една минута и не собира лични податоци, а граѓаните можат лесно да учествуваат преку скенирање на QR-кодот поставен на официјалните банери на Општината. Со неколку клика, секој може да го изрази своето мислење и да даде оценка за работата на Општината.

„Секоја оцена и секое мислење од граѓаните ќе ни помогне да ги подобриме услугите и да ја зголемиме ефикасноста на нашето работење“, велат од Општина Аеродром, додавајќи дека активното учество на граѓаните е клучно за создавање на поодговорна и сервисно ориентирана локална самоуправа.

Општината ја изразува својата благодарност до граѓаните за довербата и за ангажманот во процесите кои го обликуваат идниот развој на заедницата.

Continue Reading

Скопје

Дивоградбите го задушуваат Скопје: Професорите предупредуваат за сериозното загадување

Скопје и околината се соочуваат со сериозен проблем со загадувањето на воздухот, а опасноста не доаѓа само од познатите ПМ10 и ПМ2,5 честички. Како што посочија експертите на научната трибина организирана од Македонското еколошко друштво (МЕД), овие честички носат и други токсични супстанци кои, преку дишењето, директно навлегуваат во човечкиот организам и сериозно го загрозуваат здравјето.

„Проблемот не е само присуството на суспендирани цврсти честички, туку и токсичните материи што се врзуваат за нив и преку воздухот навлегуваат во телото. Индексот за квалитет на воздухот покажува сериозна неповолна состојба во Скопје“, рече д-р Марина Стефова, професорка на Институтот по хемија при ПМФ.

Според Стефова, загадувањето е најизразено во зимскиот период, кога температурната инверзија и зголеменото создавање на фини честички го прават воздухот густ и отровен. Но, штетните хемиски соединенија се присутни целата година, дури и кога нивното влијание не е толку очигледно.

Експертите истакнаа дека за решавање на проблемот се потребни сериозни мерки: намалување на емисиите од сообраќајот, намалување на користење на фосилни горива за греење, ограничување на производите со штетни хемикалии, зголемување на зелените површини, пошумување, едукација за еколошка одговорност и строга контрола на емисиите.

Скопје се издвојува како една од „жешките точки“ на загадување во регионален контекст, а високи нивоа на загадување се регистрираат и во Струмичката и Пелагониската Котлина, истакна проф. д-р Ивица Милевски од Институтот за географија при ПМФ.

„Градот е сместен во котлина, а непланската урбанизација дополнително го блокира природниот проток на воздухот низ Вардар. Наместо да се движи, воздухот се врти и создава ‘вртлози’ што го задржуваат загадениот воздух“, објасни Милевски. Тој додаде дека подобрувањето на состојбата бара радикални мерки насочени кон сообраќајот, индустријата, домаќинствата и урбаното планирање, како и повеќе зелени површини.

На трибината беше претставена и платформата Google Earth Engine, која овозможува прецизни и визуелни податоци за загадувањето, вклучувајќи јаглерод моноксид, азот диоксид и сулфур диоксид.

Најопасни се ПМ2,5 честичките, кои можат да навлезат длабоко во белите дробови и дури во крвотокот. Само во Европа, во 2023 година, тие биле причина за 206.000 смртни случаи. Азот диоксид, главно од сообраќајот, исто така предизвикува сериозни заболувања на срцето и белите дробови, со 34.000 смртни случаи во ЕУ само за минатата година.

На трибината се зборуваше и за перзистентните органски загадувачи (ПОПс) – супстанции кои се присутни секаде, од пестицидите во земјоделството до текстилните производи во секојдневна употреба. „Овие материи се исклучително трајни, се акумулираат во организмот и можат да предизвикаат канцер, нарушување на нервниот систем и проблеми со репродуктивното здравје“, истакна Сузана Андонова од Министерството за животна средина.

Проблемот е дополнително продлабочен од нефункционалниот систем за управување со отпад. Проф. д-р Трајче Стафилов посочи дека државата сè уште нема воспоставено ефективна мрежа на регионални депонии, што дополнително го загрозува здравјето и околината.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг