Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Гувернерот Славески предлага да се намалат банкарските провизии

by Уредник
25.06.2025
in Uncategorized
Гувернерот Славески предлага да се намалат банкарските провизии

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави сериозен потег во насока на намалување или укинување на банкарските провизии за платежни услуги. Според него, овие трошоци, кои сочинуваат околу 18% од нето приходите на банките, се непотребен товар за граѓаните и бизнисите.

„Овие услуги треба да станат јавен интерес и право, а не привилегија,“ изјави Славески пред средбата со Македонската банкарска асоцијација (МБА), додавајќи дека ваквиот модел веќе се применува во Европската Унија.

Првиот чекор ќе биде направен од Народната банка, со намалување на трошоците за плаќања преку КИБС. Очекувањата се дека банките ќе го следат овој пример, а ако не, државата е подготвена да воспостави регулативи и транспарентен ценовник.

Посебен акцент се става на укинување на провизиите за подигање готовина од банкомати на туѓи банки, како и трошоците за пренос на сметки меѓу банки. Ова, според гувернерот, ќе ја поттикне финансиската вклученост и ќе ја ограничи сивата економија.

Банките изразија отвореност за дијалог, но нагласија дека имаат значајни трошоци кон надворешни провајдери и во делот на картичното работење. Дел од претставниците тврдат дека надоместоците се симболични – „во висина на едно кафе“.

Славески потсети дека банките секогаш биле клучен фактор во економските реформи, од преземањето на платниот промет, преку дигитализацијата на картичното работење, до неодамнешното приклучување на Македонија во европскиот платен систем СЕПА.

„Сега е време за следниот чекор. Ова е пат кон правичност, инклузија и модерна економија“, нагласи гувернерот.

Next Post

Божиновска: „Чебрен“ ќе стане реалност – темел за енергетска независност и стабилна иднина

Меџити: Медресата и верските училишта конечно добиваат правна регулатива по 30 години манипулации

Препорачани Вести

Разрешена директорката на детскатата болница „Козле“

12 months ago

Руски разузнавачи регрутираат млади Украинци преку Telegram за поставување бомби и саботажи

7 months ago

Популарни Вести

  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Браќата Лтеиф ги документираат убавините на Христијанството преку платформа на Инстаграм од 700.000 следбеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.