Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити му возврати на Села: Вие го укинавте балансерот, ние донесовме Закон за правична застапеност

by Уредник
25.06.2025
in Uncategorized

Заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, остро реагираше на обвинувањата од лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој оцени дека со новиот Закон за правична застапеност се поткопува присуството на Албанците во администрацијата.

„Балансерот беше укинат во претходната влада, во која членуваше и самиот Села. Сите министри, вклучително и оние Албанци, дадоа согласност за негово укинување преку Стратегијата за реформа на јавната администрација. Дури и министрите Албанци беа на иста линија со македонските судии од Уставниот суд кои го отфрлија балансерот“, изјави Меџити.

Тој нагласи дека, за разлика од тие што само жалеа за укинувањето, актуелната влада понудила реална законска алтернатива.

„Еве го Законот! Го донесовме во Влада, ќе оди на разгледување во Венецијанската комисија, ќе има јавна расправа и потоа ќе се дебатира и во Собранието“, додаде Меџити.

Потсети дека и самата Алијанса за Албанците, во времето на кампањата „Зошто да не за албански премиер“, ветувала решение за балансерот, но никогаш не се осмелила да зборува за конкретен закон.

„Ние, уште во првата година од мандатот, ја затвораме еднаш засекогаш темата што требаше да се реши уште во 2003 година. Донесовме Закон за правична и адекватна застапеност“, заклучи вицепремиерот.

Next Post
Жена од Словенија почина откако ја каснал поскок – прв забележан случај по повеќе од три децении

Жена од Словенија почина откако ја каснал поскок - прв забележан случај по повеќе од три децении

Меџити до опозицијата: Вие само трубите, ние работиме – албанскиот јазик и застапеноста се гарантирани

Препорачани Вести

kola gori

Два автомобили запалени во Аеродром, едниот целосно изгорен

4 months ago

ВИДЕО: Судир во Кисела Вода Автомобил удрил во возило на Брза помош

10 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.