Connect with us

Црна Хроника

Почина 75-годишен маж по разговор во полициска станица

Седумдесет и петгодишен маж од Охрид, со иницијали Ј.А., починал откако му се слошило по завршување на службен разговор во полициската станица во Охрид.

Според информациите од СВР Охрид, на излезот од полициските простории на мажот му се слошило, по што итно бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Медицински центар Охрид.

И покрај укажаната медицинска помош, мажот починал за помалку од еден час по приемот.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Advertisement

Црна Хроника

Голем дефект го остави Тетово без струја

Дел од корисниците во Тетово се без снабдување со електрична енергија поради дефект на 110 kV трафостаницата „Тетово 1“, информираат од Електродистрибуција.

Како што соопштуваат, прекинот во електроснабдувањето започнал од 16 часот, а екипите на Електродистрибуција се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Continue Reading

Црна Хроника

Застој на автопатот Скопје–Тетово, камион се превртел кај Желино

Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.

Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.

Дополнителен проблем за возачите претставуваат временските услови. На овој патен правец има појава на густа магла, која значително ја намалува видливоста.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.

Continue Reading

Црна Хроника

Две жени нападнати во автобуси на ЈСП во Скопје

Во два одделни инциденти на 19 декември 2025 година, две жени од Скопје биле физички нападнати додека се возеле во автобуси на ЈСП.

Првиот случај се случил околу 15:00 часот во подрачјето на Гази Баба, кога А.С. (46) пријавила дека била нападната од И.С. (39) од Скопје.

Вториот инцидент се случил околу 17:20 часот во подрачјето на Драчево, кога С.Ј. (55) била нападната од непознато женско лице додека се качувала во автобус.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг