Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ВО МИНАТОТО СЕ ПРАВЕЛ ПОВРАТ НА ДДВ  НА ФИРМИ КОИ ПРАВАТ КРИМИНАЛ

by Уредник
26.06.2025
in Uncategorized

567 милиони денари повеќе се вратени за ДДВ оваа година од лани, открива Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, во своето гостување на подкастот „Каде се парите?“

Според податоците кои ги презентираше министерката во мај 2024 година бил направен поврат на данок на додадена вредност од 2,138 милијарди денари, а овој мај 2025 година бил направен поврат од 2,7 милијарди денари. Ова претставува разлика од 567 милиони денари или 26,5% повеќе од истиот месец минатата година. 

„Во однос на оваа година наспроти истиот период минатата година истотака имаме раст на повратот на ДДВ од некаде околу 300 милиони денари за цел период од 1 јануари до 31 мај.“ истакна Димитриеска Кочоска. 

Министерката се осврна и на тоа дека оваа Влада не е „како до сега“ и спроведува сериозни контроли и проверки за злоупотреби во повратот на ДДВ што во минатото беше чест случај, а поднесени се и бројни кривични пријави за изигрување на системот.

„Морам да напоменам една друга работа што ја забораваме, а тоа е дека нема „како до сега“ односно поврат да се дава на компании коишто прават криминални работи и ја злоупотребуваат Управата за јавни приходи. Ако ги исклучиме од овие математики тогаш многу поголем поврат даваме во однос на претходната Влада, затоа што таа со својот поврат даваше и кон овие што го злоупотребуваа системот“ истакна Димитриеска Кочоска.

Next Post

Африм Гаши: Нема кавги во Вреди, не размислувам за оставка – коалицијата е посветена на локалните избори

Малолетничка од Скопје од дома зела 25.000 евра за да им даде на соученици кои ѝ се заканувале. 

Измама во Скопје: Пензионерка му дала 30.000 евра на лажен доктор за „операција на ќерка ѝ“

Препорачани Вести

Москва испрати остра порака по одлуката на Трамп – кој ќе биде следниот чекор на Путин?

Москва испрати остра порака по одлуката на Трамп – кој ќе биде следниот чекор на Путин?

6 months ago

Банкарските акции во минус; обврзниците го подигнаа ОМБ на 127,35 поени

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.