Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ДИМИТРИЕСКА – КОЧОСКА: ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ ОЧЕКУВАМЕ ПОВИСОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ОТКОЛКУ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ (3%)

by Уредник
26.06.2025
in Uncategorized
gordana kocoska

Во денешното гостување во подкастот „Каде се парите“ на новинарот Горан Теменугов, министерката за финансии истакна дека останува уверена дека Македонија во 2025 година ќе има економски раст од 3,7% согласно првично предвидената проекција со Буџетот кој беше усвоен во декември минатата година, но и дека очекува вториот квартал да имаме подобар раст наспроти тој во првиот квартал (3%).

Министерката во своето гостувања одговори на дилемите во јавноста дали овој раст е премногу оптимистички при што истакна: „Јас не би рекла дека бројката е оптимистичка, затоа што во тој случај треба да речеме дека Министерството за финансии минатата година имаше песимистичко сценарио. Кога дојдовме ги намаливме проекциите, но сепак до крајот на 2024 година успеавме на некој начин да ја вратиме економијата во нормала и она што беше проектирано од страна на Министерството за финансии за 2024 година да биде како песимистичко сценарио во однос на тоа што се реализираше до крајот на годината“. 

Во однос на тоа зошто Министерството за финансии останува на истите проекции министерката Кочоска истакна дека првиот квартал го завршивме со раст од 3%, но она што е многу важно се сезонските прилагодувања според кои растот беше 3,2%. Тоа значи дека кога ќе ги тргнете сезонските влијанија вие имате дури и повисок раст од тој што го имате минатата година. Тоа значи дека растот бил повеќе резултат на некои сезонски влијанија. Годинава е некој стабилен раст што укажува на тоа дека реални се проекциите за остварување на растот од 3,7%.

“Не сметам дека сме направиле некое оптимистичко сценарио, напротив станува збор за едно реално сценарио. Ќе го видиме вториот квартал очекуваме да има многу подобар раст на бруто домашниот производ дури и од првиот квартал. Така што 3,7% е некој реален раст имајќи предвид дека Владата сепак има информации, знае со што располага и какви се видувањата до крајот на годината.

Next Post

„РУСКИ АГЕНТ“ ПЛАНИРАЛ ПУЧ ВО СРБИЈА? Приведен Новица Антиќ, поранешен лидер на Воениот синдикат

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА БРЗАТА ПРУГА НА КОРИДОРОТ 10: 24 БАНКИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

Препорачани Вести

ВЛЕН: Инвестиции во здравството, 100 нови амбулантни возила и ред во Клинички

1 month ago

Австрија во мака: Нудат 2.200 евра плата и сместување, но работници нема

3 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.