Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА БРЗАТА ПРУГА НА КОРИДОРОТ 10: 24 БАНКИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

by Уредник
26.06.2025
in Uncategorized

Вкупно 24 банки се дел од процесот на разгледување на проектната документација, за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10, од кои 22 банки веќе добија официјално барање за доставување понуда. Дополнително, уште две банки – НЛБ Словенија и една банка од Дубаи – покажаа интерес, и во моментов се во фаза на анализа на доставените материјали, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во подкастот „Каде се парите„ со Горан Теменугов.

„НЛБ Словенија сака да настапи во форма на конзорциум, и ние веќе доставивме барање и до нив. Истото важи и за банката од Дубаи. Сите овие банки се активно вклучени во процесот, особено по завршувањето на првичната фаза. Можам да кажам дека има солиден интерес и подготвеност за понатамошна соработка,“ рече министерката.

Целокупната документација добиена од „Железници“, преку Министерството за транспорт и Владата, е доставена до заинтересираните банки со цел запознавање со проектот, прибирање на информации и изработка на понуди. Министерството за финансии останува отворено за дополнителни појаснувања и комуникација со сите заинтересирани страни.

„Сè што е на располагање ќе го споделиме со цел процесот да биде транспарентен, да добиеме поконкретни понуди и – секако – најповолна каматна стапка за државата“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во врска со буџетската динамика, министерката појасни дека не се предвидени средства за овој проект ниту во ребалансот за 2025, ниту во буџетот за 2026 година.

„Првите исплати се планирани за 2027 година, што е координирано и потврдено од Министерството за транспорт и од премиерот“, нагласи министерката.

Во однос на понатамошната динамика, таа појасни дека како Министерство за финансии, по добиените понуди ќе се направи анализа и ќе се достави предлог до Владата, која ќе донесе конечна одлука за избор на најповолна понуда. Потоа ќе следува подготовка на Закон за задолжување, негово усвојување, а понатаму и постапки за јавни набавки од страна на надлежното ресорно министерство.

„Треба да се земе предвид и изборниот период, кој влијае на временската рамка. Затоа, не можам точно да предвидам колку време ќе биде потребно за сите следни чекори. Но, она што е важно е дека 2027 година е годината кога се планира првото повлекување на средства,“ заврши министерката Димитриеска-Кочоска.

Next Post
Полицијата на нозе: 12-годишно девојче од Куманово пријавено за исчезнато

ВОЗАЧ СО „ПОРШЕ“ УАПСЕН НА ПАТОТ ТЕТОВО–ГОСТИВАР: Им се спротивставил на полицајци, му ја одзеле дозволата!

Апсење во Кавадарци: Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба, одземеното вратено на сопственикот

Скандал во Центарот за вработување Струмица: Државна помош земале и лица што живеат во странство – пријавени седум службеници!

Препорачани Вести

Важни информации за возачите во Македонија: Еве каде се најголемите гужви и колку време се чека за влез и излез од државата

Важни информации за возачите во Македонија: Еве каде се најголемите гужви и колку време се чека за влез и излез од државата

6 months ago
Индустриското производство со раст од 9,4% во мај, најсилен подем кај електричната опрема и автомобилската индустрија

Индустриското производство со раст од 9,4% во мај, најсилен подем кај електричната опрема и автомобилската индустрија

7 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.