Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Врховниот лидер на Иран конечно се огласи: “Иран и зададе сериозен удар на Америка”

by Уредник
26.06.2025
in Uncategorized
Врховниот лидер на Иран конечно се огласи: “Иран и зададе сериозен удар на Америка”

Во своето прво јавно обраќање по постигнувањето на примирјето меѓу Иран и Израел, кое беше постигнато со посредство на САД, врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Исламската Република „ѝ удри тежок шамар на Америка“ и ѝ нанела штета на една од нејзините стратешки воени бази во регионот.

Во порака објавена на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), Хамнеи оцени дека Вашингтон не постигнал никакви резултати со вклучувањето во вооружениот судир на страната на Израел.

„Американскиот режим директно се вклучи во војната бидејќи процени дека, доколку тоа не го стори, ционистичкиот режим ќе биде целосно уништен. Тие влегоа во конфликтот за да го спасат – но не постигнаа ништо“, изјави Хамнеи, пренесува британскиот „Гардијан“.

Врховниот лидер потврди дека иранската страна извела одмазднички напад врз американската воздухопловна база „Ал Удеид“ во Катар, опишувајќи ја акцијата како „значаен одговор“ на американските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки претходниот викенд.

Вашингтон го минимизира инцидентот

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп го омаловажи иранскиот напад, нарекувајќи го „многу слаб“, и нагласи дека 13 од вкупно 14 проектили биле успешно пресретнати од противвоздушната одбрана.

Катаркото Министерство за надворешни работи потврди дека ракетите биле пресретнати и дека во нападот не се евидентирани жртви или сериозна материјална штета. Портпаролот Маджед ал-Ансари изјави дека системите за одбрана на земјата реагирале навремено и ефикасно.

Хамнеи со нови закани кон американските позиции

Ајатолахот Хамнеи упати и ново предупредување до САД, посочувајќи дека Иран има способност повторно да ги нападне американските воени бази во регионот доколку тоа го смета за неопходно.

„Исламската Република има пристап до клучните американски центри во регионот и може да реагира кога и да процени дека е потребно. Таквите акции може да се повторат. Доколку дојде до нова агресија, непријателот ќе плати висока цена“, порача тој.

Изјавата на Хамнеи доаѓа во период на привремено затишје во тензиите меѓу Иран и Израел, додека Вашингтон и понатаму се обидува дипломатски да ја стабилизира ситуацијата на Блискиот Исток.

Next Post
Индиските истражители ги анализираат податоците од црната кутија: Се очекуваат првите одговори за авионската несреќа со 260 жртви

Индиските истражители ги анализираат податоците од црната кутија: Се очекуваат првите одговори за авионската несреќа со 260 жртви

Владата и ВЛЕН во Струга: Почнува реконструкција на дотраениот водоводен систем

Препорачани Вести

Подгответе се за пеколно време: Еве какви температури ја очекуваат Македонија овој викенд

Подгответе се за пеколно време: Еве какви температури ја очекуваат Македонија овој викенд

6 months ago
mickoski

Мицкоски: СДСМ и ДУИ го контаминираа правосудството со измени на Кривичниот законик

1 week ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.