Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Менди Ќура за проектот со водоводот во Струга: Добар почеток за идни витални инвестиции во градот

by Уредник
27.06.2025
in Uncategorized

Независниот кандидат за општина Струга на локалните избори, поддржан од владината коалиција ВЛЕН, Менди Ќура, го поздрави почетокот на првата фаза од замената на водоводната мрежа во градот, проект кој има за цел отстранување на старите азбестни цевки.

„Секако дека јас, како претседател на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, се чувствувам горд бидејќи потекнувам од Струга, и проекти како овој, кои граѓаните одамна ги бараат, замената на азбестните цевки, за кои повеќепати сме зборувале и за кои сите медиуми имаат известувано дека се канцерогени конечно добиваат заслужено внимание“, изјави Ќура.

Тој ја оцени оваа интервенција како „капитален проект“ и прв чекор кон темелно подобрување на водоводната инфраструктура во градот.

„За овој проект ќе бидат потребни уште инвестиции за, барем во наредните 2-3 години, да ја постигнеме целта да се заменат сите овие цевки и граѓаните да добиваат чиста вода преку нови водоводни линии“, нагласи Ќура.

Тој ѝ упати апел на Владата да продолжи со слични проекти, потенцирајќи дека Струга има итна потреба од инвестиции во многу области.

„Посакувам вакви проекти да бидат што побројни, бидејќи имаме и други проекти, за кои верувам дека во иднина ќе слушнете и ќе видите колку се неопходни за граѓаните на Струга“, заклучи Ќура.

Next Post

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПОРАСТОТ НА ПЛАТИТЕ ЈА НАДМИНУВА ИНФЛАЦИЈАТА ЗА РАЗЛИКА ОД ПЕРИДОТ 2020-2023

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ИДНАТА ГОДИНА ТРЕБА ДА ВРАТИМЕ 700 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕВРООБРВЗНИЦАТА НА МИНАТАТА ВЛАДА

Препорачани Вести

Скандал во украинската армија: Полковник обвинет дека покажувал интерни карти на бојното поле

3 months ago

ЈП „Шар“: Вечерва започнува пуштањето на водата во Тетово, но таа останува заматена и непогодна за пиење

3 months ago

Популарни Вести

  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 38% од тинејџерите пробале цигара: Какви забрани воведува новиот закон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата откри оружје и други предмети во викендица – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.