Connect with us

Црна Хроника

Пожар во Куманово: Две куќи изгорени, граѓаните бараат строги казни за палачите

Два пожари во Куманово го активираа алармот: Граѓаните бараат строги санкции за загадувањето

Два семејни дома биле зафатени од пожар во текот на вчерашниот ден во Куманово, информира Регионалниот центар за управување со кризи. Првиот пожар избувнал во кровна конструкција на куќа во селото Пчиња, каде интервенирала една противпожарна екипа до 15 часот. Во попладневните часови, втора куќа се запалила на улицата „Пионерска“ во центарот на Куманово, каде интервенирале две екипи со шест пожарникари.

Покрај овие пожари, службите на ТППЕ Куманово гаснеле и пожари на сува трева на улицата „Народна Револуција“ и во населбата „Средорек“, каде била запалена трева и смет.

Жителите на Куманово реагираат дека на локацијата од „Стари Лозја“ до надвозникот кај „Перо Чичо“ речиси секојдневно има пожари поради несовесно палење смет. Тие бараат засилен инспекциски надзор и строги казни за оние кои со вакви постапки го загрозуваат здравјето на граѓаните и ја загадуваат животната средина.

Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, вели дека екипите секојдневно интервенираат на овие локации, особено во попладневните часови.

Истражувања во рамки на еколошки проект покажуваат дека согорувањето на биомаса и отпад, како и палењето на оган на отворено, се меѓу главните извори на загадување на воздухот во регионот.

Advertisement

Црна Хроника

Кривична пријава за поранешен градоначалник – МВР со детали

Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ против поранешниот градоначалник на Струмица и двајца вработени во општината

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против К.К.(35) и Б.Ш.(64), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против И.Г.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавената И.Г., во својство на раководител на Одделението за администратирање на приходи при општина Струмица, постапувајќи спротивно на одредбите од Законот за даноците на имот, во четири наврати ги пречекорила своите овластувања со тоа што изготвила решенија за даночно ослободување од данокот на промет на недвижен имот при продажба на станови од станбена куќа со наменска класификација А1. Ваквото ослободување од плаќање било направено повикувајќи се на член 25 од Законот за даноците на имот, меѓутоа одредбите за таквото даночно ослободување се однесувале само за станбени згради и станови кои согласно класата на намени се со номенклатура А2.1, но не и за станбени куќи со номенклатура А1.1, за кои и биле изготвени решенијата. Исто така, И.Г. во три од четирите решенија, во отсуство на пријавениот Б.Ш., се потпишала и во полето Потврдил-контролирал.
Пријавениот Б.Ш., во својство на Раководител на Секторот за финансиски прашања при општина Струмица и пријавениот К.К., во својство на градоначалник на општина Струмица, постапиле несовесно при вршењето на своите службени овластувања и пропуштиле должен надзор при постапувањето по тие предмети и ги потпишале изготвените решенија за даночно ослободување изготвени од И.Г.. Со ваквите дејствија пријавените лица го оштетиле буџетот на општина Струмица за износ од 668.388 денари.

Continue Reading

Црна Хроника

77-годишна жена жртва на измама – изгубила 8.000 евра!

Лишен од слобода измамник од охридско, измамил жена од струшко за сума од 8.000 евра

На 17.12.2025 во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско.
Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение. Откако се договориле жената му ги дала парите и тој заминал.
По преземени мерки и активности во соработка со Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал, тој е пронајден и лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама”.

Continue Reading

Црна Хроника

Подигнал 25.000 денари од туѓа картичка на банкомат – штипјанец под кривична истрага

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Е. (38) од Штип, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според информациите од полицискиот билтен, на 1 септември 2025 година, осомничениот без знаење и согласност на оштетената, искористил сѐ уште активна бесконтактна сесија од нејзината банкарска картичка на банкомат на банка. Со намера да се стекне со противправна имотна корист, тој неовластено навлегол во банкарскиот систем и извршил трансакција, при што присвоил 25.000 денари.

По настанот, полицијата презела соодветни мерки, а против осомничениот е поднесена кривична пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг