Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СЕ ПОД 68 ДОЛАРИ

by Уредник
30.06.2025
in Uncategorized
Одлични вести: Значајно поевтинување на горивата, ова се новите цени

Цените на нафтата се задржаа под нивото од 68 долари за барел, под влијание на намалените стравувања од нарушување на снабдувањето од Блискиот Исток и најавите од водечките производители за зголемување на испораките на пазарот до крајот на летото.

На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше 67,64 долари, што е речиси иста вредност како на крајот од минатата недела. Во САД, цената изнесуваше 65,39 долари за барел, без значителни промени.

Стравувањата за нарушување на снабдувањето поради израелско-иранскиот конфликт се намалија откако беше постигнат прекин на огнот, и трговците повторно го насочија вниманието кон односот помеѓу понудата и побарувачката.

Податоците за американските резерви покажаа значително намалување на залихите и зголемена преработка на нафта во рафинериите на почетокот од летната возачка сезона. Дополнително, инвеститорите ги охрабри големата кинеска набавка на иранска нафта.

Четири извори за Ројтерс минатиот петок изјавија дека водечките земји членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) планираат да го зголемат снабдувањето во август за дополнителни 411 илјади барели дневно. ОПЕК+ веќе го зголеми производството за 411 илјади барели во мај и јуни и најави дека ќе продолжи со исто темпо и во јули. Следната недела групата ќе ја разгледа производната политика на редовниот состанок.

Next Post

Русија обвинува: Украинците и американците одолговлекуваат со мировните преговори

Кримскиот мост повторно затворен по напад со дронови

Препорачани Вести

Во грчкиот град Катерини уапсен македонски државјанин кој убил човек во Македонија пред 28 години

8 months ago

Херојот од Кран-Монтана: Камполо спасил 10 деца од запалениот бар

4 weeks ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.