Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Трет ден гори шумата во атарот на Бешиште, активен е пожарот и во неколку други региони

by Уредник
30.06.2025
in Uncategorized

Трет ден по ред продолжува пожарот во атарот на селото Бешиште, близу границата со Грција, каде што гори шума составена од бор, даб и бука, како и сува трева. Според Центарот за управување со кризи, пожарот опфаќа површина од околу 100 хектари.

Огнот се шири во два правци — кон месноста Уров во Бешиште и кон селото Градешница во Општина Новаци, на терен кој е многу непристапен за гаснење. Во гаснењето се вклучени петмина пожарникари од Прилеп со едно возило, како и три лица од шумската служба „Црн Бор“. Според ЦУК, дополнителна потешкотија е ризикот од детонации од заостанати гранати од претходните војни.

Во Скопје, пожарот на дивата депонија во Визбегово е изгаснат, но Противпожарната бригада интервенираше и на три други локации — каде што гореше сува трева во Драчево, на булеварот „Босна и Херцеговина“, како и во Долно Лисиче.

Пожарникарите се борат и со пожари на други места низ земјата — во атарот на селото Ерџелија кај Свети Николе гори сува трева и стрниште, а на автопатот Гостивар – Тетово се активни пожари на сува трева и грмушки.

Ситуацијата останува критична, а надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита и претпазливост.

Next Post

Пожарите во Турција се шират, евакуирани над 50.000 лица

Одлични вести: Значајно поевтинување на горивата, ова се новите цени

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СЕ ПОД 68 ДОЛАРИ

Препорачани Вести

Времето во Македонија денес: Еве каде навеа најмногу снег, и каде е најстудено

Времето во Македонија денес: Еве каде навеа најмногу снег, и каде е најстудено

11 months ago

УТРЕ ЦЕЛИ СЕЛА ВО ТЕТОВСКО ОСТАНУВААТ БЕЗ СТРУЈА

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.