Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

БОГОЈЕСКИ: Ситуацијата со ЕУ скептицизмот е страшна!

by Уредник
01.07.2025
in Uncategorized

Се зголемува евроскептицизмот кај младите во Македонија – повеќе од половина од нив, според неофицијални извештаи, се против идното членство на земјата во Европската Унија. Тоа, според одредени политички претставници, е резултат на разочарување од бирократските структури во Брисел и перцепцијата за отсуство на принципиелна поддршка кон Македонија.

„Од ова се плашев. За ова зборував во ЕУ. Но, корумпираните бирократи таму не се загрижени за иднината на Унијата, туку за сопствениот џеб“, реагира претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески.

Тој нагласува дека Европската Унија денес има две лица:

Првото е визијата за Европа – заедница на вредности, човекови права и еднакви можности за сите;

Второто е реалноста – бирократски апарат заробен од политички интереси и отуѓен од обичниот граѓанин.

„Првото лице на Европа е она за кое се бориме веќе три децении. Второто е причината за која многумина се откажуваат од таа борба“, вели Богојески.

Според него, Македонија треба да остане „ЕУреалистична“, што значи трезвено да ги согледува предностите и слабостите на европскиот процес, без да подлегнува на радикален евроскептицизам или наивен ентузијазам.

„Нашата задача е да се бориме за ЕУ каква што била замислена – заснована на вредности, а не на корупција. Да не дозволиме разочарувањето да нè оддалечи од таа визија“, додава тој.

Апелот според Петар Богојески е јасен: да се разликува идејата за Европа од нејзината моментална институционална слабост – и да не се дозволи првата да биде жртва на втората.

Next Post
Нова трагедија на скопските улици: Почина пешак откако 22 годишник со мотоцикл удрил во него – возачот уапсен

Нова трагедија на скопските улици: Почина пешак откако 22 годишник со мотоцикл удрил во него - возачот уапсен

Божиновска со Шарлот Ру од ЕБРД: Нови инвестиции за енергетска независност и зелена транзиција

Препорачани Вести

Делови од Тетово и тетовско утре ќе бидат без електрична енергија

10 months ago

Повредени пожарникари во струшко: Голем пожар го зафати Ложани

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.