Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Цените во Охрид ги урнаа сите рекорди: Еве колку чини најевтиниот коктел, а колку само една топка сладолед

by
2025/07/01 09:20:35
in Uncategorized
Цените во Охрид ги урнаа сите рекорди: Еве колку чини најевтиниот коктел, а колку само една топка сладолед

Ценовен шок на Охридското лето: Сладолед по 120 денари, најевтиниот коктел 400

Цените на популарните туристички локации во Охрид ова лето достигнуваат рекордни нивоа, предизвикувајќи реакции и кај домашните и кај странските посетители, јавува телевизија 24.

Кафе покрај езерото чини од три евра па нагоре, додека едно топче сладолед се продава по цена меѓу 80 и 120 денари. Просечната пица во рестораните е околу осум евра, а охридската цреша достигнува и до 300 денари за килограм. Цената на најевтиниот коктел е 400 денари.

Многу домашни туристи ги оценуваат овие цени како претерани и неприфатливи за македонскиот стандард. Од друга страна, дел од странските гости велат дека цените се споредливи со оние во другите европски дестинации и оправдани со природната убавина на регионот.

„Ова место е прекрасно и вреди. Цените не ми се чини дека се високи, слични се на тие во Европа“, вели еден турист од Колумбија.

Сепак, не сите туристи го делат истото мислење. Според информации од туристичкиот сектор, две агенции од Холандија и Полска ги откажале овогодишните аранжмани во Охрид поради нагло зголемување на цените за хотелско сместување. Туристичките работници предупредуваат дека неоправданото покачување на цените би можело негативно да се одрази врз интересот за дестинацијата во иднина.

Next Post
Нов скандал и расправија помеѓу Маск и претседателот Трамп: “Без субвенциите ќе се вратеше во Јужна Африка”

Нов скандал и расправија помеѓу Маск и претседателот Трамп: "Без субвенциите ќе се вратеше во Јужна Африка"

Јуни – најсмртоносен месец за израелската војска во 2025 година

Јуни – најсмртоносен месец за израелската војска во 2025 година

Препорачани Вести

Илија Димовски: Трамп е рационалист и тоа е добро за светскиот поредок

10 months ago

Трамп удира по Кина – овие американски гиганти ќе трпат милијардерски загуби!

9 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.