Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

НОВИ ТРОШОЦИ: Грција воведува туристичка такса на овие места – 20 евра по лице!

by
2025/07/01 12:11:29
in Uncategorized
НОВИ ТРОШОЦИ: Грција воведува туристичка такса на овие места – 20 евра по лице!

Патниците на крстарења од 1 јули 2025 година ќе мора да платат нов туристички данок за посета на најпопуларните грчки острови Санторини и Миконос. Данокот изнесува 20 евра и ќе важи во периодот на врвната туристичка сезона, која трае до 30 септември, со цел да се намали прекумерниот туризам во овие атрактивни дестинации.

Санторини и Миконос секоја година ги посетуваат илјадници патници од бродови за крстарење, кои често предизвикуваат пренатрупаност на островите. Првично данокот требаше да почне да се наплаќа од 1 јуни, но беше одложен поради намалениот туристички интерес на Санторини по земјотресот во првата половина од годината.

Патниците ќе ја плаќаат таксата при пристигнување, а собраните средства ќе бидат инвестирани во туристички и инфраструктурни проекти на островите.

Оваа такса не важи само за Санторини и Миконос – за сите други грчки пристаништа патниците на бродови за крстарење ќе плаќаат 5 евра за време на високата сезона.

Во преодниот период, од 1 април до 31 мај и од 1 до 31 октомври, таксата за посета на Санторини и Миконос ќе изнесува 12 евра, додека за останатите пристаништа ќе биде 3 евра. Од ноември до крајот на годината, таксата ќе се намали на 4 евра за двата острови и на 1 евро за другите локации.

Новиот туристички данок е воведен по рекордна сезона за индустријата за крстарења во Грција. Според податоците на Здружението на грчки пристаништа (ELIME), во 2024 година во земјата пристигнале 5.490 бродови за крстарење со вкупно 7,93 милиони патници.

Пристаништето Пиреја, близу Атина, регистрира најголем број пристигнувања, а Санторини и Миконос се на второто, односно третото место по посетеност.

Се очекува оваа сезона Миконос да прими околу 900 бродови за крстарење, со вкупно 1,5 милиони туристи, јавува „Дејли Меил“.

Next Post
Украинските сили извршија силни напади со беспилотни летала и ракети во окупираните региони Донецк и Луганск

Украинските сили извршија силни напади со беспилотни летала и ракети во окупираните региони Донецк и Луганск

Димитриеска Кочоска: Зеленото финансирање движи одржлив развој во Македонија

Препорачани Вести

Приведен шеесетгодишен болничар во Штип, допирал малолетна практикантка

9 months ago
Шпанскиот амбасадор во земјава: Премиерот Мицкоски е пример за едноставност, на аеродром чекаше ред како сите други патници

Мицкоски: Постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментов

9 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.