Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Општина Битола го поттикнува развојот на вело-мобилноста со нови велосипедски патеки

by Уредник
01.07.2025
in Uncategorized

По повеќе од една деценија упорност и активизам, Општина Битола го остварува својот сон за „велоград“ со изградба на нови велосипедски патеки и промоција на паметна урбана мобилност. Со над 5 километри нови велопатеки и уште планови за проширување, Битола станува пример за современ и одржлив град.

Градоначалникот Тони Коњановски ја започна својата работна недела со симболично возење велосипед до работа, испраќајќи порака за личен пример и поддршка на вело-културата како дел од стратегијата за поеколошки и поздрав живот во градот.

Во тек е уредување на постоечките велосипедски патеки со поставување соодветна сигнализација и расчистување на теренот, како и изградба на нови велосипедски рути, вклучувајќи ги и просторот околу поранешната касарна АРМ.

Реконструкцијата на тротоарите на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ е финансирана од Буџетот на Општина Битола и е дел од проектот Smart4you2, поддржан од Европските фондови. Оваа инвестиција ја потврдува посветеноста на општината да создаде побезбедна, побрза и попристапна урбана средина, која ќе ги мотивира граѓаните да го одберат велосипедот како транспортно средство.

Со овие активности, Општина Битола не само што ги подобрува условите за велосипедистите, туку и ја промовира здравата мобилност и зелениот туризам, што ја прави Битола привлечна дестинација за сите кои сакаат активен и одржлив начин на живот.

Next Post

Агенцијата за цивилно воздухопловство инвестира во иднината: Ќе покрива половина од трошоците за обуки на нови пилоти и воздухопловни спортисти

Трагедија во Скопје: Пешак загина откако во него удри мотоцикл

Препорачани Вести

Три сестри од кривопаланечкото село Жидилово ќе останат без 493 крави, ради политички реваншизам !!!

11 months ago
Трамп ја притиска Украина: Ако не прифати – следува прекин на оружјето и разузнавачката поддршка

Трамп ја притиска Украина: Ако не прифати – следува прекин на оружјето и разузнавачката поддршка

2 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.