Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Целосен пресврт: Маск повторно му се умилкува на Трамп – погледнете што објави

by Уредник
02.07.2025
in Uncategorized
Целосен пресврт: Маск повторно му се умилкува на Трамп – погледнете што објави

Илон Маск го пофали Трамп за напорите за мир, иако вчера се судрија околу законот за даноци

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, му оддаде признание на американскиот претседател Доналд Трамп за неговите дипломатски напори за смирување на конфликтите ширум светот.

„Заслугите да одат таму каде што им е местото. Доналд Трамп успешно реши неколку сериозни конфликти низ светот“, напиша Маск на социјалната мрежа X, споделувајќи објава од Трамп на неговата платформа Truth Social.

Во објавата што Маск ја сподели, Трамп се осврна на тековниот конфликт во Појасот Газа, наведувајќи дека негови претставници имале „долг и продуктивен состанок со Израелците“. Според него, Израел се согласил на условите за воспоставување 60-дневен прекин на огнот.

„За време на примирјето, ќе соработуваме со сите страни за да ставиме крајот на војната“, напиша Трамп. Тој додаде дека Катар и Египет, кои активно посредуваат, ќе го претстават конечниот предлог, и изрази надеж дека Хамас ќе го прифати договорот. „Во спротивно, нема да стане подобро – ќе биде само полошо“, предупреди Трамп.

Судир само еден ден претходно

Интересно е што пофалбата од Маск доаѓа само еден ден откако двајцата повторно влегоа во жесток јавен судир – овојпат поради контроверзниот закон за даноци и државна потрошувачка, познат како „Големиот, Прекрасен Закон“ (Big Beautiful Bill), кој го поддржува Трамп.

Маск отворено го критикуваше законот, нарекувајќи го економски деструктивен, и предупреди дека ќе доведе до натамошно зголемување на американскиот државен долг и ќе ги фаворизира „застарените индустрии“. Тој повика на формирање на нова политичка партија како алтернатива на сегашниот двопартиски систем, и најави дека ќе го финансира изборниот пораз на сите конгресмени што ќе гласаат за законот.

„Секој член на Конгресот што ќе гласа за овој закон ќе ја загуби изборната трка следната година – дури и тоа да биде последното нешто што ќе го направам во животот“, порача Маск.

Трамп возврати жестоко – му се закани дека ќе ги укине државните субвенции за компаниите на Маск и јавно го обвини дека без тие средства, би морал да ги затвори своите фирми и „да се врати во Јужна Африка“.

Next Post

Коњановски на прием во Амбасадата на САД по повод 4 Јули и 30 години македонско-американски односи

Приведен возач од Крушево затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Приведен возач од Крушево затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Препорачани Вести

pari

Вработување во Тетово: Плата 80.000,00 денари

8 months ago

Полициски „форд“ се судри со „опел“, тројца полицајци и возачот се итно пренесени во болница

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.