Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ДЗС повторно ја активира воздухопловната поддршка: Ангажирани двајца пензионирани пилоти за гаснење пожари

by Уредник
02.07.2025
in Uncategorized
ДЗС повторно ја активира воздухопловната поддршка: Ангажирани двајца пензионирани пилоти за гаснење пожари

Вршителот на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вчера потпиша договор за повторен ангажман на двајцата искусни пензионирани пилоти Стоје Арсовски и Васко Михалчев, кои ќе управуваат со противпожарните авиони „Air Tractor“.

Со нивниот ангажман, авионите на ДЗС повторно ќе бидат целосно оперативни и подготвени за интервенција при гаснење пожари на отворен простор низ територијата на Република Македонија, во услови на зголемен ризик од шумски и полски пожари.

Од Дирекцијата информираат дека вториот авион од типот „Air Tractor“, кој беше на редовен сервис во Австрија, се очекува наскоро да биде вратен и ставен во функција, со што двете летала ќе бидат ставени во готовност за време на летната противпожарна сезона.

„Обновувањето на воздухопловната оперативност е клучен дел од нашата стратегија за брза и ефикасна реакција при пожари, особено во руралните и планинските предели каде што пристапот по копно е отежнат“, велат од ДЗС.

Ангажманот на Арсовски и Михалчев, кои имаат долгогодишно искуство во пилотирање на специјализирани авиони за гаснење пожари, претставува важен чекор кон зголемување на капацитетите на земјата за справување со природни непогоди и заштита на човечките животи, животната средина и имотот на граѓаните.

Next Post
“Никогаш повеќе нема да го посетам ова место во Грција” – туристка шокирана од цените на лежалките во овој дел на Грција

"Никогаш повеќе нема да го посетам ова место во Грција" - туристка шокирана од цените на лежалките во овој дел на Грција

“Русите наредиле соборување со ракета” – се појавија нови докази за падот на азербејџанскиот авион

"Русите наредиле соборување со ракета" - се појавија нови докази за падот на азербејџанскиот авион

Препорачани Вести

НАТО испорача оружје вредно 50 милијарди долари на Украина во 2024 година

НАТО испорача оружје вредно 50 милијарди долари на Украина во 2024 година

5 months ago
Која е Албанката чијшто стартап сè уште нема производ, а веќе вреди милијарди? Ова е Мира Мурати

Која е Албанката чијшто стартап сè уште нема производ, а веќе вреди милијарди? Ова е Мира Мурати

9 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.