Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Голем пожар на Халкидики: Туристите добија пораки за итна евакуација, се гаси со осум авиони

by Уредник
02.07.2025
in Uncategorized
Едно лице загина во пожар во стан во Кичево

Голем шумски пожар избувна на грчкиот полуостров Халкидики, при што властите итно наредија евакуација на жителите и туристите од загрозените подрачја.

Пожарот беснее во близина на популарното летувалиште Ормос Панагиас, а според информациите од грчките медиуми, ситуацијата е сериозна поради силните југоисточни ветрови кои го отежнуваат гаснењето.

На терен се ангажирани 65 пожарникари со 20 противпожарни возила, како и два пешадиски тима. Воздушната поддршка вклучува осум противпожарни авиони и еден хеликоптер.

Преку бројот за итни случаи 112, властите испратија предупредувачка порака до сите во областа со повик итно да се евакуираат кон Никити. Истовремено, патот од Ормос Панагиас до Вурвуру е затворен за сообраќај.

„Доколку сте во областа, оддалечете се кон Никити, следете ги упатствата на властите“, се наведува во пораката.

Пожарот избувнал во близина на камп, потврдија од Службата за заштита од шумски пожари во Лавреотики, а густ чад се шири низ поширокиот регион.

Надлежните апелираат граѓаните да останат смирени и да соработуваат со спасувачките тимови додека трае интервенцијата.

Next Post

СДСМ објави нова листа кандидати за градоначалници – Костадинов не е меѓу нив, Струмица ќе има ново лице?

Паника во Икеа Белград – сите евакуирани, никој не знае што се случува!

Препорачани Вести

Средба на градоначалникот на општина Јегуновце со тетовскиот муфтија г-дин Др. Селвер Џемаили

2 months ago

ПО 10 МЕСЕЦИ ПРОДОЛЖИ СУДЕЊЕТО ЗА ОСАКАТУВАЊЕТО НА РОДИЛКАТА ОД ДЕБАР, ОДБРАНАТА НА ЛЕКАРИТЕ ГО ОСПОРИ СУПЕРВЕШТАЧЕЊЕТО ОТИ ВО ТИМОТ ИМАЛО НАДВОРЕШНИ ЛИЦА

12 months ago

Популарни Вести

  • kostadinka palazova

    Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.