Connect with us

Република

СДСМ го објави д-р Асен Шајн како кандидат за градоначалник на Охрид

Општинската организација на СДСМ во Охрид вечерва официјално го објави д-р Асен Шајн како свој кандидат за градоначалник на Општина Охрид.

Во соопштението од СДСМ се вели дека д-р Шајн е почитуван доктор и човек со искуство, посветен на грижата за луѓето и секогаш подготвен да ги ислуша грижите на граѓаните, без разлика на нивниот политички или социјален статус. Партијата го претставува како личност со отворена врата, скромен, одговорен и директен, со силна доверба меѓу своите пријатели, колеги и пациенти.

„Асен Шајн е трпелив слушател, човек од доверба и голем другар. Тој верува дека само преку заедништво, грижа за секој поединец и чесно управување, Охрид може да ја добие иднината која ја заслужува“, се наведува во соопштението.

Мотото на Шајн, како што потенцира СДСМ, е дека дадениот збор и дадената рака се темел на човечките вредности кои ќе го водат неговиот мандат. Тој се залага за вредностите на СДСМ – еднаквост, правда, хуманост и напредок за секого.

Партијата изрази уверување дека д-р Асен Шајн ќе внесе нова енергија, искреност и визија во локалната власт, градејќи Охрид како град по мерка на неговите граѓани.

Advertisement

Република

Камери за контрола на сообраќајот поставени на улиците во Тетово

Во Тетово започна поставувањето на камери од системот „Безбеден град“ на повеќе градски улици и булевари. За разлика од претходно, кога вакви камери имаше само на влезот во градот од скопска страна, сега тие се инсталираат и во самото градско подрачје.

Камери веќе се поставени на булеварите „Илинден“ и „Видое Смилевски-Бато“, а жителите велат дека забележале уреди и на други локации низ градот.

Граѓаните очекуваат новиот систем да помогне во намалување на сообраќајниот хаос, кој со години е еден од најголемите проблеми во Тетово.

„Поставувањето камери е неопходно со оглед на тоа каков сообраќаен хаос владее во градот. Останува да се види дали навистина ќе има ефект и дали граѓаните ќе почнат повеќе да ги почитуваат правилата“, вели жител на Тетово.

Други граѓани сметаат дека електронскиот систем ќе ја намали можноста за избегнување казни. „Тетово отсекогаш било специфично кога станува збор за почитување на сообраќајните правила. Но, кога казнувањето е автоматизирано, потешко е да се избегне одговорност“, истакнува жителка на градот.

Камери од системот „Безбеден град“ веќе се поставени во Скопје и Куманово, како и на автопатите „Мајка Тереза“ и „Пријателство“. Тест-периодот започна на 1 декември, а системот со изрекување казни официјално ќе почне да функционира од 1 февруари. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во првите 24 часа од тестирањето биле регистрирани над 110 илјади сообраќајни прекршоци.

Continue Reading

Република

Повеќе делови од Тетово утре ќе бидат без струја

Поради планирани прекини во електроснабдувањето, утре (24 декември 2025 година) повеќе делови од Тетово и околината ќе останат без електрична енергија.

Во Тетово, без струја ќе бидат објекти во населбата Поток во период од 09:00 до 14:00 часот. Дополнително, од 09:00 до 14:30 часот електрична енергија нема да имаат делови од градот, и тоа објекти на улицата Благоја Тоска во близина на Блок 82, како и објекти на улицата Киро Ристовски – Дрнц.

Планирани прекини ќе има и во околните населени места. Во селото Сараќино, делот кај црквата ќе биде без струја од 09:00 до 14:30 часот, додека во истиот временски период без електрична енергија ќе биде и дел од селото Озормиште.

Continue Reading

Република

Учениците на „Кочо Рацин“ ја разубавија битолската „Зимска приказна“ со новогодишна приредба

Учениците од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ ја збогатија битолската празнична магија со својата традиционална новогодишна приредба, дел од овогодинешната манифестација „Зимска приказна“.

На сцената во Центарот за култура, малите уметници ги оживеаја „Новогодишните желби на Анабел“ – приказна за мало теле што стана ирвас и момче кое повторно го најде својот глас, емотивна порака за добрината, надежта и љубовта.

Преку театарската игра и уметничките настапи, учениците посочија дека празниците се време не само за желби, туку и за дарување. „Да бидеме поддршка, да бидеме насмевка, да бидеме ѕвездена светлина. Нека оваа празнична приказна потсетува на вистинските вредности и ни дава верба во чудеса“, порачаа младите актери.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој заедно со директорката Драгана Кирковска доби благодарница, новогодишна честитка и украс изработени од учениците, како знак на признание за нивниот труд и посветеност.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг