Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кривична за сопственичка на компанија од Кавадарци: Го оштетила буџетот за повеќе од 50 милиони денари

by Уредник
03.07.2025
in Uncategorized
Кривична за сопственичка на компанија од Кавадарци: Го оштетила буџетот за повеќе од 50 милиони денари

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Кавадарци против С.Т., сопственичка и управителка на фирмата „Руж Експорт“, под сомнение за сериозно даночно затајување.

Според официјалните наоди, во периодот од 2013 до 2018 година, С.Т. набавувала стока во готово од физички лица, без да ја евидентира во деловната документација на компанијата. Подоцна, преку 2.785 фактури и изјави за потекло, стоката била извезувана во Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Русија во вкупна вредност од над 514 милиони денари, без пресметан и уплатен данок на добивка.

Истрагата покажала и дека за дел од годините биле доставувани невистинити завршни сметки до Централниот регистар и Управата за јавни приходи, а книговодствената документација била уништена. За 2017, 2018 и 2019 година, не биле поднесени никакви завршни сметки, по што фирмата била избришана од регистарот во 2020 година.

Со овие постапки, С.Т. се стекнала со противправна имотна корист и го оштетила државниот буџет за над 50,8 милиони денари.

Next Post
Шок за Украина и Зеленски поради најновата одлука на Пентагон – за се е виновен само еден човек

Шок за Украина и Зеленски поради најновата одлука на Пентагон - за се е виновен само еден човек

Полицијата уапси маж од Радовиш поради предизвикување пожар

Полицијата уапси маж од Радовиш поради предизвикување пожар

Препорачани Вести

Голубовиќ инвестира 100.000 евра во нов бизнис

5 months ago

Димитриеска-Кочоска: Македонија прва земја надвор од ЕУ што се приклучи на заедничкиот пазар на капитал

5 months ago

Популарни Вести

  • fondacija frosina kulakova

    Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.