Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски: Нова инвестиција од 30 милиони евра и 300 нови вработувања

by Уредник
03.07.2025
in Uncategorized
Мицкоски: Нова инвестиција од 30 милиони евра и 300 нови вработувања

Се најавува нова странска инвестиција вредна над 30 милиони евра од глобалниот лидер во автомобилската индустрија, компанијата Гентерм, која ќе овозможи до 300 нови вработувања. Ова го објави премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека ова е уште еден доказ дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочни стратешки технолошки инвестиции.

– Денеска испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Ја објавувам новата инвестиција на Гентерм – глобален лидер во автомобилската индустрија кој, покрај веќе постоечката инвестиција во Прилеп, почнува со план за процес на проширување на производството токму овде. Со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочно стратешки технолошки напредни инвестиции, рече Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Според него, инвестицијата ќе надмине 30 милиони евра и ќе овозможи до 300 нови работни места. Станува збор за високоинтегрирани системи во автомобилската индустрија, со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство.

Ова, смета премиерот, значително ќе го зголеми извозот, а тоа што станува збор за високо технолошко производство покажува дека сме конкурентни и на тој пазар. Со тоа стануваме регионален хаб на Гентерм за Европа.

– Ова не е само уште една инвестиција, ова е двигател на нашата економија. Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење, умеење и труд. Резултатите се забележителни и се гледаат, истакна премиерот.

Мицкоски потсети дека минатата година Македонија завршила со рекордно највисоко ниво на директни странски инвестиции од 1,255 милијарди евра, што е најголем прилив на капитал во историјата на земјата. Исто така, нагласи дека во првите месеци од годинава расте индустриското производство, а во мај е забележан историски највисок пораст во последната деценија од 9,4 проценти.

Next Post
ЦЈЗ: Водата на велешко „Младост“ не смее да се користи за капење и рекреација

ЦЈЗ: Водата на велешко „Младост“ не смее да се користи за капење и рекреација

Лишен од слобода крадец во Велес, одземеното ќе биде вратено на сопственичката

Лишен од слобода крадец во Велес, одземеното ќе биде вратено на сопственичката

Препорачани Вести

ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА: Судбоносен втор круг – кој ќе ги води трите најголеми градови

8 months ago
traktor

Нови блокади на Евзони од грчките земјоделци – кратка пауза утре за празниците

3 weeks ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.