Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Германија воведува воен рок во траење од шест месеци

by Уредник
04.07.2025
in Uncategorized
Германија воведува воен рок во траење од шест месеци

Германската влада разгледува нов модел на воена служба што би започнала како доброволна, со можност за премин кон задолжителна, доколку не се постигне доволен одзив. Како што пренесуваат неколку германски медиуми, министерот за одбрана Борис Писториус (СПД) го претставил нацрт-законот пред членовите на Бундестагот.

Предлогот предвидува шестмесечна доброволна служба со можност за продолжување според желбите на регрутите. Во текот на основниот период, младите би биле обучувани за полесни задачи, како обезбедување и инспекции, додека продолжената служба би вклучувала и професионална обука.

Нацрт-законот исто така вклучува можност за враќање на задолжителната воена служба, доколку доброволниот модел не обезбеди доволен број регрути. За таа цел, до сите мажи од една генерација би бил испратен прашалник за нивната подготвеност да служат, додека за жените пополнувањето би било доброволно.

Планот е дел од пошироките напори на Писториус за зголемување на воениот капацитет на Бундесверот на 460.000 лица, во услови на растечки безбедносни закани, особено од Русија.

Иако предложеното решение засега е базирано на доброволност, експертите предупредуваат дека Германија тешко ќе ги исполни воените цели без воведување на задолжителна регрутација. Внатрешниот отпор кон таквата мерка најмногу доаѓа од редовите на Социјалдемократската партија, која заедно со ЦДУ/ЦСУ ја формира владината коалиција.

Задолжителната воена служба беше укината во 2011 година, откако Уставниот суд оцени дека постоечкиот систем не обезбедува еднаков третман на сите граѓани од истата генерација.

Next Post
Апсење на различни локации во Скопје – ова се деталите

Апсење на различни локации во Скопје - ова се деталите

17-годишник со автомобил излетал од патот, повредени три лица

17-годишник со автомобил излетал од патот, повредени три лица

Препорачани Вести

МБИ10 со пад од 0,45%, вкупен промет над 12,6 милиони денари

1 month ago
ФБИ побара истрага за парите кои биле пратени во Украина: Мора да истражиме каде завршиле тие пари

ФБИ побара истрага за парите кои биле пратени во Украина: Мора да истражиме каде завршиле тие пари

11 months ago

Популарни Вести

  • gasovod

    ЕУ бара алтернативи на американскиот гас по заканите на Трамп за Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.