Connect with us

Македонија

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека се завршени вештачењата поврзани со двата значајни предмети – трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и случајот со Клиниката за онкологија. Вештачењата, кои биле извршени во странство, претставувале сериозен финансиски товар за Јавното обвинителство.

„Сите оние вештачења кои се однесуваат за Кочани и кои се однесуваат за Онкологија веќе се изработени. Колку што имам информации за предметот Онкологија, веќе е закажана главна расправа. Меѓутоа тие вештачења имаат одредени трошоци коишто се, да речам, вонредни трошоци, имајќи во предвид дека се многу скапи со оглед дека се работи за вештачење во друга држава“, изјави Коцевски.

Во однос на предметот за трагедијата во Кочани, кој по одлука на Врховниот суд е испратен на оценка во Основниот кривичен суд Скопје, Коцевски посочи дека сè уште се чека оценка на обвинителниот акт. Размислува се и дали предметот да го преземе друго јавно обвинителство.

„Очекуваме обвинителниот акт да стапи на сила. Судот ќе изврши оценка на истиот, со тоа што сега од наша страна размислуваме дали ЈО треба да делегира друго ЈО, имајќи предвид дека Врховниот суд одлучи дека ќе биде надлежен Основниот кривичен суд Скопје. Со тоа што, проблем – ако нема делегирање – ќе биде по жалби кој ќе одлучува, дали предметот ќе се доставува до Апелациониот суд Скопје, што и така треба, меѓутоа дали мислење ќе дава Вишото ЈО Скопје или Вишото ЈО Штип. Тоа останува на ЈО, односно на мене како Државен јавен обвинител да одлучам во однос на делегирањето на ЈО“, објасни Коцевски.

Во моментов, како што посочи, Основниот кривичен суд Скопје сè уште нема закажано ден за испитување на обвинителниот акт, а предметот формално останува под надлежност на ЈО Кочани.

За предметот што се води во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кој се однесува на полициски службеници, Коцевски информираше дека истрагата е во тек и се очекува да биде завршена до септември.

„Таму предметот е сè уште во истрага, со оглед дека нема притвор, има и законски рок за истрагата. Така да, се надеваме негде таму околу – да не дадам сега конкретни датуми – меѓутоа сигурно околу септември ќе се заврши истрагата, и тој предмет ќе се води во ОЈО за организиран криминал, со оглед дека тука нема проблем, надлежно ќе биде Кривичниот основен суд Скопје“, изјави Коцевски.

Advertisement

Македонија

Николоски: Македонија е пример за почитување на мајчиниот јазик на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската заедница како најголема цивилизациска придобивка, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.

“Има многу заднички што можеме да кажеме и заеднички да споделиме меѓу двата народи и двете држави, а секако наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка која што еден народ може да ја има. Горд сум што можам да кажам дека Македонија тоа го овозможува на сите припадници на турската заедница, на турскиот народ кој што живее во Македонија и ова е нешто што треба заеднички да го градиме и надградуваме затоа што нашите јазици коегзистираат со векови и тоа е цивилизациска придобивка која мора да ја надградуваме со децениите и вековите кои што доаѓаат пред нас. 

Нема поблизок народ за мекедонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и затоа треба да заеднички да создаваме уште подобри услови за изучување на турскиот јазик и наставата на мајчин турски јазик. Нека е со среќа и да е за многу години, а ние заеднички да го зајакнуваме партнерството меѓу македонскиот и турскиот народ”- се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Continue Reading

Македонија

Поради густата магла откажани сите летови од Меѓународниот аеродром Скопје

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје денеска е целосно прекинат, откако поради густата магла и значително намалената видливост беа откажани сите планирани летови, соопштија надлежните служби.


Од раните утрински часови, аеродромот не реализира ниту полетувања, ниту слетувања, а сите редовни летови на повеќе авиокомпании, меѓу кои Wizz Air, Turkish Airlines и Croatia Airlines, се откажани или пренасочени кон алтернативни аеродроми во регионот.


Според информациите од управувачот на аеродромот, ТАВ Македонија, густата магла ја намали видливоста под безбедносниот минимум за нормално одвивање на авионскиот сообраќај, поради што е донесена одлука за целосен прекин на летовите сè додека не се подобрат временските услови.


Дел од авионите што требало да слетаат во Скопје биле пренасочени кон аеродромите во Охрид, Приштина, Софија, Солун и Тирана, додека патниците се известуваат да не доаѓаат на аеродромот без претходна проверка на статусот на нивниот лет.


Од ТАВ апелираат патниците редовно да ги следат официјалните соопштенија и да стапат во контакт со своите авиокомпании за дополнителни информации и евентуални промени во распоредот, бидејќи маглата и понатаму ја отежнува воздушната навигација.

Continue Reading

Македонија

М-НАВ ја заврши целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје

Соопштение за јавност

М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Работите беа реализирани во период со магла и намалена видливост, кој беше оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај.

Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем.

М-НАВ и понатаму останува целосно посветен на безбедноста и континуитетот на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани активности.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг